3 вештини кои се барани дури и во време на рецесија

од 24HR

Додека економистите дебатираат дали наскоро ќе настапи рецесија или не – и колку таа ќе биде силна – ние професионалците за човечки ресурси треба да бидеме подготвени да пружиме максимална поддршка за луѓето кои ќе останат без работа.

Рекордно високата инфлација и низата отпуштања на вработени на високи позиции во САД ги оставија работниците се поанксиозни во врска со сигурноста на нивното работно место. Имено, дури 78% од Американците се загрижени дека ќе ја изгубат работата за време на потенцијална претстојна рецесија, а тоа го покажа неодамнешното истражување на Insight Global во кое беа опфатени 1.004 возрасни лица.

„Иако е прерано да се каже нешто во врска со тие прогнози или да се предвиди кога тоа ќе се случи и дали впрочем рецесијата ќе ја погоди САД, многу е јасно дека во моментов се наоѓаме во фаза на економско забавување“, изјави Кори Кантенга, постар економист во LinkedIn, за порталот CNBC.

„Дури и ако економскиот раст забави, таа средина може да биде многу штетна за вработените, но и за оние кои бараат работа“, додаде тој.

„Никој не е имун на останување без работа – но стекнувањето на вештини кои и понатаму ќе бидат барани без оглед на економските падови може да ви помогне да останете конкурентни на нестабилниот пазар“, смета Џулија Полак, главен економист во ZipRecruiter.

Според економистите, ова се „најцврстите“ вештини за кои компаниите ќе бараат вработени дури и во време на рецесија:

Флексибилност

Секоја рецесија изгледа различно – за време на „Големата рецесија“ од 2009 година, на пример, некои луѓе кои ги загубија своите работни места во технолошкиот и финансискиот сектор се свртеа кон рестораните и малопродажбата, забележува Полак.

Но, за време на рецесијата „Ковид-19“ од 2022 година, имаше многу помалку опции за работа во тие полиња бидејќи луѓето останаа заклучени дома.

„Секогаш кога ќе настапи рецесија, резервната опција за работа ќе се менува“, вели Полак додавајќи дека токму затоа флексибилноста е навистина клучна вештина за совладување.

За да покажете дека сте флексибилни, вклучете примери за моменти кога сте морале да се движите низ различни улоги, фунцкии или оддели во компанијата, волонтиравте на некој настан надвор од вашите вообичаени работни обврски или сте работеле со различни тимови за време на вашиот работен ангажман.

Истакнувањето на вашите вештини за флексибилност во вашата биографија им покажува на менаџерите за вработување дека сте личност која може да „работи во време на неизвесност“, што е критична вештина во време на криза.

„Во изминатите 2 ипол години, но и во догледна иднина, сме биле и ќе продолжиме да бидеме во период на турбуленции и токму затоа извршните директори сакаат луѓе кои можат брзо да се прилагодат и да не реагираат претерано кога плановите се менуваат“, вели Патрик Петити, економист и извршен директор на Catalant, платформа која ги поврзува компаниите со независни консултанти.

Проект менаџмент

Новите предизвици неизбежно ќе се појават за време на рецесија – и во време кога сè е во пад, компаниите ќе бараат луѓе „кои можат да ги идентификуваат новите проблеми, да артикулираат решенија и да го поттикнат тој план напред“, вели Полак.

„Тоа е една од врвните вештини за кои компаниите постојано ангажираат“, додава Петити. „Дури и за време на најтемните денови на пандемијата, менаџерите за вработување во технологијата, финансиите, како што велите, бараа луѓе кои можат да ја разложат целта на акциони чекори и да го водат тимот кон постигнување на таа поголема цел“.

Платформите како Coursera и LinkedIn Learning нудат курсеви и сертификати за управување со проекти, но исто така можете да ги покажете вештините за управување со проекти во вашата биографија (или за време на интервју) со истакнување на времињата кога сте воделе проект од почеток до крај, сте помогнале со буџетирање или сте започнале нов производ или кампања.

Комуникациски вештини

Способноста да се комуницира јасно и ефективно на работа е универзална вештина која е „секогаш барана“ во „сите индустрии“, забележува Полак, без разлика во каква состојба е економијата. „Работодавците сметаат дека никогаш не можат да најдат луѓе кои знаат да пишуваат и добро да ги артикулираат своите мисли“, додава тој.

Совладувањето на уметноста на комуникација може да ви помогне да се истакнете како кандидат за работа и да најдете работа во различни индустрии. Дури и ако седите на вашиот компјутер цел ден и известувате на едно лице, потребни ви се интерперсонални вештини за да работите во тим и да го убедите работодавецот дека вашата работа додава вредност.

Примери за комуникациски вештини вклучуваат презентации, е-пошта, давање повратни информации и преговарање за деловен договор.

Иако овие три вештини можат да ви помогнат да ја пребродите следната рецесија, најважната вештина од сите, според Полак, е да се обрне внимание на вестите и да се следи кои индустрии долгорочно инвестираат во вработувањето.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...