среда, јануари 14, 2026
Почетна HR МаркетингШпаркасе банка се грижи за добросостојбата на вработените!

Шпаркасе банка се грижи за добросостојбата на вработените!

by 24HR

Грижејќи се за добросостојбата на нашите вработени во просториите на Шпаркасе Банка и online се одржа HR CОFFEE со гостин предавач проф. д-р Виктор Исјановски, психијатар и професор на Медицинсиот факултет во Скопје. Темата на овој настан беше Менаџирање со емоции, притисок и стрес на работно место, препознавање на burn out и одржување на менталното здравје.

Стресот не можеме да го избегнеме но, можеме да научиме како умешно да се справиме и да не дозволиме да влијае на нашето здравје. Имавме можност да се запознаеме со разликите помеѓу стрес и burnout, да добиеме препораки за заштита во ситуации кои се стресни и да препознаеме кога ни е потребна стручна помош. Вработените имаа можност интерактивно да учествуваат, да споделат мислења и искуства, да постават прашања и да добијат совети.

Водени од мислата на Loretta Laroche „STRESSED SPELLED BACKWORDS IS DESSERTS“ научивме како стресните ситуации, како и слатките, да ги консумираме умерено, паметно и да не дозволуваме да ни го нарушат здравјето.

Related Posts

Leave a Comment