Подобрување на ефикасноста на HR: Значењето на софтверот за човечки ресурси за модерните организации

од 24HR

Живееме во динамичен свет каде што се што ни е потребно можеме да го добиеме со еден клик на копче. Секојдневието ни е значително олеснето со помош на дигитализацијата и автоматизацијата.

Но, што се случува со професионалците за човечки ресурси? Реалноста е дека иако употребата на најразлични софтвери, платформи и апликации во речиси сите сфери на работењето на една организација, употребата на HR софтвери се уште не е широко распространета. Па така, HR професионалците во просек од 65% до 75% од времето го трошат на административните работи, како средување на досиеја на вработените, внесување на податоци за плати, следење на промените на статусот на вработените и администрирање на бенефициите на вработените. Планирањето, регрутацијата, селекцијата, тренингот и обуката и мерењето на перформансите на вработените им одземаат уште од 15% до 30% од нивното време. Трансформационите HR активности кои што и даваат дополнителна вредност на организацијата, како што се развој на организациска култура, стратешко планирање, пораст на иновативноста, истражувањата за employee engagement, employee experience се застапени со само од 5% до 15% од нивното време.

Што е важно кога носите одлука за избор на HR софтвер?

  • да е user-friendly и лесен за користење;
  • да нуди усогласеност со прописите и сигурност на податоците;
  • сите HR процеси да се на едно место;
  • реномето на компанијата која што го нуди на пазарот;
  • можност за дополнителни надградби и приспособување на потребите на организацијата;
  • миграција на податоците;
  • поддршка и обука за користење на софтверот;
  • да изобилува со најразлични типови на извештаи и аналитики како би можеле да носите основани одлуки.

Зошто да се задоволувате со застарени процеси, кога може да го користите нашиот HR софтвер Motiv8 за подобрување на искуството, ангажманот и задржувањето на вработените, истовремено и да го оптимизирате вашето работење со добивање на точни и навремени податоци и информации и најразлични извештаи кои што значително го олеснуваат работењето­?

Повеќе за модулите и бенефициите од користењето на Motiv8 софтверот на Семос можете да ги прочитате на: motiv8.semos.mk и да закажете презентација на hr@semos.com.mk.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...