Специјалист за човечки ресурси и администрација

од 24HR

ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ

ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“во Охрид.

ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И АДМИНИСТРАЦИЈА

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ​:

  • Го води процесот на организација на сите потребни активности и документи за процесот за вработување на нови вработени и прекинување на работниот однос на истите (Пријава и одјава во АВРМ)
  • Одговорен за процесот за вработување и работна дозвола издадена на странци вработени во компанијата
  • Учествува во развојот на целите и системите на одделот и предлага и реализира проекти за истите
  • Чува и ажурира досиеја од административен карактер за сите работи поврзани со администрација
  • Помага при организирањето, развојот и одржувањето на внатрешните процедури во системот за административна евиденција
  • Редовно ажурирање на софтверските системи за ЧР со сите потребни информации во однос на вработените
  • Одговорен за непречено работење, одржување и надградба на ИТ Системот во одделот човечки ресурси
  • Решавање на нерегуларности на месечно ниво во системот за евиденција на работно време и решавање недоследности во системот во соработка со ИТ одделот за поддршка
  • Им помага на вработените за прашања поврзани со бенефиции, проблеми или грижи

ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Универзитетска диплома (VII)

ВЕШТИНИ:

  • Добро познавање на Закон за работни односи
  • Одлично познавање на англискиот јазик, говор и пишување (минимум – Б1)
  • Искуство во работење со ИТ системи во областа на човечки ресурси
  • Аналитички вештини
  • Компјутерски вештини (Добро познавање на MS Office особено Excel)
  • Ефикасни комуникациски вештини, говор и пишување
  • Силна посветеност кон услугата на клиенти и доверливост
  • Одлични меѓучовечки вештини
  • Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи
  • Одлични вештини за планирање и организација

РАБОТНО ИСКУСТВО

  • 2 години работно искуство во соодветна област

НА КАНДИДАТОТ ЌЕ МУ БИДАТ ОБЕЗБЕДЕНИ:                                                          

  • Обуки во област на човечки ресурси
  • Соодветни ориентациски обуки за работа, како и обуки за здравје и заштита при работа
  • Соодветна работна опрема
  • Организиран транспорт и платен оброк
  • Приватно здравствено осигурување

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

​Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на Jobsmk@tav.aero

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...