среда, јануари 21, 2026
Почетна HR МаркетингНов модул во софтверот за човечки ресурси на Семос Motiv8

Нов модул во софтверот за човечки ресурси на Семос Motiv8

by 24HR

Следењето на трендовите во HR индустријата нѐ води постојано да работиме на унапредување на функционалностите на нашиот софтвер за човечки ресурси и да развиваме нови модули.

Со задоволство го најавуваме новиот модул на нашиот софтвер кој што ги покрива Onboarding и Offboarding процесите во организациите и на едноставен начин им овозможува на сите засегнати страни навремено да ги завршат доделените задачи, преку системот за нотификации кој што исто така е имплементиран во овој модул.

Дигитализацијата на овие процеси може значително да го подобри впечатокот кој што вработените ќе го стекнат за организацијата, без разлика дали доаѓаат или си заминуваат од неа. Важноста на onboarding процесот е потврдена и од истражување спроведено од Gallup каде што е детектирано дека само 12% од вработените се согласуваат дека нивните организации одлично го спроведуваат onboarding процесот. Од друга страна 45% од вработените кои си заминале од некоја работна организација се задоволни како нивната поранешна организација го спровела процесот на нивното заминување (offboarding).

Започнете со дигитализацијата на вашите HR процеси и запознајте се со можностите кои што ги нуди нашиот софтвер Motiv8.

Закажете презентација на Motiv8 HR Software (semos.mk) или на hr@semos.com.mk.

Related Posts

Leave a Comment