Волшебна авантура во Македонски Телеком – приредивме новогодишна магија за бујната детска фантазија
Какво е чувството кога од оние најмалите, а секогаш најискрените критичари – нашите деца, ќе добиеме оценка дека сè она што сме го направиле за нив било супер? Чувството е посебно и ги буди најубавите емоции. Тоа не е поврзано со никакви признанија , финансиски резултати или официјални заслуги за успешност… Ние едноставно ги воодушевивме нашите малечки и тоа е најголемата награда што можеме да ја добиеме.
“Овде е волшебно”, “Сакам тука да бидам секој ден”, “-?”, “Магично е!” „Многу е убаво“, „Кога ќе пораснам сакам тука да работам и јас“ – Ова е само дел од она што ни го кажаа нашите најмали и најмили.
Во пресрет на Новогодишните празници, за децата на нашите вработени приредивме забава – новогодишна магична работилница, со бројни креативни активности. Нивните вредни рачиња изработуваа новогодишни креации во многу форми – снежни кугли, миризливи сапунчиња, украси од пластелин, боеа на сликарски платна, од обични чорапчиња создаваа новогодишни кукли и бескрајно се насладуваа со колачиња и чоколади…. Се разбира и Дедо Мраз беше тука и на секое дете му го даде заслужениот подарок и внимание. Низ целата зграда се слушаа мали чекорчиња и детски извици на задоволство и воодушевување.
Децата се нашето најголемо богатство, а денот поминат кај мама и тато на работа е најголемиот празник за Македонски Телеком.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.