Concentrix + Webhelp нудат донации на СОС Детските села во 4 балкански земји, обезбедувајќи помош на децата и семејствата на кои им е потребна.
Concentrix + Webhelp, глобален лидер за решенија и технологии за искуство со корисници (CX), овие новогодишни и божиќни празници ги поминува враќајќи и на својата заедница преку поддршката која ја дава на СОС Детските села на Балканот.
Канцелариите на Concentrix + Webhelp ширум Балканот ги здружија силите, давајќи донации на 4 локации на СОС Детските села во земјите од регионот.
Оливер Дерлер, CEO на Concentrix + Webhelp Balkans, нагласува дека вакви акции се од големо значење за членовите на заедницата а особено е задоволен што неговите колеги ја поддржаа иницијативата за помош на СОС Детските села.
„Concentrix + Webhelp е присутен низ целиот Балкан веќе неколку години и воодушевен сум што овој пат ги здружуваме силите за да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Колку што ние возрасните ги сакаме празниците, децата се тие кои најмногу се радуваат на Дедо Мраз, подароци, украси и среќен сум што ја имаме можноста да им донесеме радост“, нагласува Дерлер и додава „Се трудиме секој ден да придонесуваме по малку за заедницата. Во текот на годината имавме неколку иницијативи, а сме особено горди што ја завршуваме 2023 поминувајќи време со најмладите“.
Силвија Брајовиќ, раководител на фондот за собирање средства од СОС Детско село Македонија, нагласува дека организацијата дејствува во земјава веќе 23 години и во овој период фокусот е ставен на поддршката на најранливата група на деца и млади, децата и младите без родителска грижа и оние кои се во ризик да се одвојат од своето биолошко семејство. Тимот на СОС Детско село Македонија ја промовира визијата на организацијата „Ниту едно дете не треба да расте само“ со цел да ја подигне свеста за оваа ранлива група меѓу клучните фактори во општеството и да ги ангажира компаниите и граѓаните да ја поддржат нашата организација во обезбедувањето топол дом и грижа за секое дете. Многу сме благодарни што Concentrix + Webhelp ја препозна нашата организација како клучен стратешки партнер во реализацијата на нивната политика за КОО во областа на децата без родителска грижа и што со нивна помош ќе можеме да влијаеме во обликувањето на подобра иднина за нив.
Во име на канцеларијата на Concentrix + Webhelp во Скопје, донацијата на СОС Детско село ја предаде Лилјана Секуловска, Site Manager. Таа нагласува дека, без оглед на напорното секојдневие што го живееме, секогаш треба да одвоиме време да им помогнеме на оние на кои им е потребна помош.
„Божиќните и новогодишните празници се време кога сè застанува, а ние се фокусираме на грижата и вниманието кон семејството, пријателите и соседите. Сепак, свесни сме дека празниците не значат полна трпеза и многу подароци за секого, затоа ние кои сме во можност мора да се солидаризираме и да ја шириме магијата за време на празниците но и кога тие ќе завршат“, заклучува Секуловска.
Concentrix + Webhelp Balkans е водечка глобална компанија за искуство со корисници (CX) и технологија. Нејзините експерти креираат решенија за најголемите светски брендови во сите клучни индустрии, вклучувајќи технологија, потрошувачка електроника, малопродажба, патувања, е-трговија, банкарство, финансиски услуги, осигурување, здравство, комуникации и медиуми, автомобилската индустрија, енергетскиот и јавниот сектор. Во балканските земји, тие се фокусирани на обезбедување на корисничка поддршка на германски јазик.
Во земјите каде Concentrix + Webhelp има застапеност, се стреми да одржува односи со заедницата и да поддржува поединци и групи на кои им е потребна поддршка. Во текот на 2023, борците за промена во Concentrix + Webhelp учествуваа во неколку иницијативи, вклучително и Race for the Cure, поддржувајќи го здружението на лица со даунов синдром, здружението на слепи и лица со оштетен вид, здружението на лица со аутизам и центарот за заштита на жени и деца.
За повеќе информации, посетете ја страницата: https://webhelp.mk/.
За Concentrix + Webhelp
Здраво, ние сме водечки глобален снабдувач на решенија и технологии за искуство со корисници (CX). Ние создаваме кориснички патувања кои прават значајни промени за некои од најдобрите светски брендови и оние што го менуваат светот каков што го знаеме. Секој ден, ние дизајнираме, градиме и спроведуваме корисничко искуство што им помага на брендовите да растат низ светот и во иднината. Без разлика дали се работи за специфично решение или целото патување од почеток до крај – ние го покриваме. Ние сме стратешки мислители кои дизајнираат искуства што го дефинираат брендот. Технолошки ентузијасти кои градат попаметни решенија. И оперативни експерти кои сето тоа го водат и прават да функционира беспрекорно. Во повеќе од 70 земји и шест континенти, нудиме услуги во клучни индустрии, вклучувајќи технологија и потрошувачка електроника; малопродажба, патувања и е-трговија; банкарство, финансиски услуги и осигурување; здравство; комуникации и медиуми; автомобилска индустрија; и енергетски и јавен сектор. Concentrix Corporation (NASDAQ: CNXC) работи под трговското име Concentrix + Webhelp – Локација: практично насекаде – посетете ја concentrix.com за да дознаете повеќе.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.