ЦЕЛТА Е КАЈ ОВИЕ МЛАДИ ЛУЃЕ ДА ЈА РАЗБУДИМЕ СТРАСТА КОН НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ, ДА КРЕИРАМЕ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА НИВЕН РАЗВОЈ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЦИ И ДА ИМ ОТВОРИМЕ ПЕРСПЕКТИВА КОН НИВНОТО ИДНО НАСОЧУВАЊЕ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, А ПОНАТАМУ И ВО КАРИЕРНИОТ ПАТ.
Започнавме од идеја за иновативен пристап кон обучување, селектирање и вработување стручен кадар, а таа идеја набрзо прерасна во успех. Станува збор за Менторска програма за феријална пракса на Македонски Телеком преку која склучивме партнерство со средните училишта давајќи на овој начин придонес кон првите чекори во дуалното образование.
Имајќи го епитетот на компанија која овозможува најдобра и уникатна пракса и обука на студентите, овој пат нашето знаењето и стручноста ги пренесовме на средношколците со цел да создадеме и обучиме кадар кој ќе има познавање од специфични области потребни за нас, но и за поширокиот македонски пазар на трудот. Бидејќи познавањето на мрежите и новите технологии, е област која бара менторство и обучување од врвни професионалци кои работат на најдобрата мрежа во држатата, во соработка со колегите од техничките служби започнавме активности за обучување средношколци со висок потенцијал.
Нашиот сертифициран ментор Роберт Бојаџиевски истакнува дека ова е веќе трета генерација ученици од СЕТУ Михајло Пупин од Скопје. „Во рамки на училишниот предмет „Учење преку пракса кај работодавец“, учениците ги обучувам за вештини со цел да подготвам што е можно поквалитетни техничари кои ú се прекупотребни на индустријата и се дефицитарни.“, вели Бојаџиевски.
Овој предлог беше успешно реализиран, а приказната започна со препознавање на потребата на средношколците за продлабочување на нивното знаење во оваа област. Преку воведување на посебно креирани обуки, со различно времетраење во просториите на Телеком, упеавме да обучиме 2 генерации средношколци, а сега започнавме и со третата. Задоволството на учениците ја покажува успешноста на обуките, а тие велат:
“Сите активности ипланирани и спроведени од менторот беа од голема вредност за понатамошно кариерно развивање во областа на оптички интернет, инфраструктура и пошироко. Меѓу разните придобивки и знаења, се здобив со занење и распознавање за секундарна оптичка мрежа и домашна инсталација, вештини кои практично ги надоградував на терен во канцелариите на населените места Центар, Карпош, Ѓорче петров, Ченто и многу други.”
“Јас лично бев и сум презадоволен од оваа феријална пракса. Беа исполнети сите мои очекувања, дури и многу повеќе од што очекував. Научив многу работи за подземна, надземна мрежа, за оптичка мрежа и домашна инсталација. Стекнав многу знаења и за тоа му се заблагодарувам на Македонски Телеком и на мојот ментор.”
Продолжуваме да ги обучуваме младите! Нашето искуство, знаење и експертиза го пренесуваме во образовниот процес и понатаму. Веруваме дека кај овие млади луѓе ќе ја разбудиме страста, ќе отвориме нови можности и ќе им отвориме перспектива кон нивното идно насочување во образовниот процес, а понатаму и во кариерниот пат.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.
4 коментари
Моето искрено мислење е дека средните училишта, а посебно стручните, недоволно ја пружаат најважната ставка од знаењето – практиката. Благодарение на ова партнерство, моето училиште Михајло Пупин може да пружи одлична прилика за проширување на знаењата, поконкретно во телекомуникациската струка. Изборот на компанијата не може да биде подобар од гигантската телекомуникациска фирма – Telekom.
Најдобра пракса, со спремен ментор
korekten pristap,super predavanje,dobra prakticna rabota so mentorot
Aktivnostite isplanirani od mentorot se od golema vrednost I korisni za mojata ponatamosna kariera