УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ПРИКАЗНА СО SMART START 20 СТУДЕНТИ ОД ПРАКТИКАНТИ ДО ВРАБОТЕНИ ВО ТЕЛЕКОМ

од 24HR

SMART START Е ПРОГРАМА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ПРАКТИЧНО ИСКУСТВО НА СТУДЕНТИ ВО ОДЛИЧНО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ И ПОД ЛИДЕРСТВО НА ВРВНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ОД МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ.

По завршувањето на вториот циклус, и практично ги видовме придобивките: Ние добивме талентирани млади кадри во нашиот тим, а тие го направија најпамтетниот избор – аплицираа за Smart Start, покажаа високо ниво на амбиција и желба за работа во предвидените 6 месеци, а тоа резултираше со нивно вработување во Македонски Телеком. Тие сега работат на супер проекти со кои можат да кажат дека биле дел од креацијата на нешто значително.

Нашата мисија со Smart Start е да создадеме платформа која ќе ги подготви младите луѓе за предизвиците на модерниот пазар на трудот и ќе ги инспирира да ги следат своите амбиции.

Во текот на шестмесечниот период на програмата, студентите имаа можност да работат на реални проекти, да учат од искусни ментори и да се вклучат во различни аспекти на бизнисот. Оваа искуство не само што им помогна да ги развијат своите вештини, туку и им овозможи да се запознаат и да ја живеат корпоративната култура на Македонски Телеком.

Вработувањето на овие 20 млади луѓе е резултат на нивната посветеност, труд и ентузијазам. Тие покажаа дека се подготвени да се соочат со предизвиците и да дадат значаен придонес во нашата компанија. Тие сега се дел од повеќе тимови кои работат на важни и иновативни проекти кои имаат за цел да ги подобрат нашите услуги, да ги исполнат потребите на нашите клиенти и да креираат иноватини решенија.

Ова е само почетокот на нивната професионална патека и ние сме убедени дека тие ќе продолжат да растат и да се развиваат во Македонски Телеком. Нашата посветеност на нивниот успех е неоспорна и ќе продолжиме да ги поддржуваме и да им овозможуваме можности за напредок.

ЗАЕДНИЧКИ ПОЈАДОК ЗА ДОБРЕДОЈДЕ

Во релаксирана атмосфера, на заеднички појадок им посакавме топло добредојде на новите членови на нашиот тим. Уживавме во моментот, одговаравме на интересни прашања, споделувавме искуства.

Пред 6 месеци ви поскав добредојде како практиканти, а денеска ве поздравуам како дел од нашиот тим. Ќе го следам вашиот напредок и понатаму и верувам дека ќе постигнете извондредни резултати. На Македоснки Телеком му се потребни млади и талентирани луѓе како вас и ви посакувам да растете заедо со нас и да постигнеме големи успеси”  им порача нашиот Лидер за вработени и трансформација, Ставрос Георгакопулос.  

ШТО ВЕЛАТ ПРАКТИКАНТИТЕ ЗА SMART START?

Искуството од нашите Смарт Стартери е она што има вредност, она што ја рефлектира реалноста. Тие велат:

Македонски Телеком и Smart Start се идеална комбинација за младите кои сакаат да влезат во светот на телекомуникациите и компјутерските науки и да работат со најновите технологии. Програмата овозможува одлични можности за професионален развој и работа со врвни експерти во индустријата.“ АНДРЕЈ ШУМАКОВСКИ, Соработник за деловни решенија.


Средината е многу мотивирачка, постојаната поддршка од колегите создава работна атмосфера каде сите сме отворени за соработка. Можноста да учам од искусни професионалци и со нив да работам на реални предизвици е незаменлива. Возбуден сум што можам да придонесам за успехот на тимот и понатаму да ги развивам моите вештини во оваа компанија..“ – БЛАГОЈА МИТРЕСКИ, Помлад инженер за транспорт.

„Се чувствувам топло прифатена од околината и колегите, што значително допринесува за пријатната работна атмосфера. Во такво стимулативно окружување, можам слободно да изразувам идеи и да поставувам прашања, што ми помогна да се чувствувам комфорно и подготвено да преземам нови предизвици “ МАРИЈА СТОЈАНОВСКА, Асистент за управување со продукти.

Дел сум од тимот на Корпоративни комуникации, и не можам да кажам дека знаев што да очекувам. Сакав место каде својата креативност можам да ја преточам во работа на реални проекти. Дали се фотографии, видеа, пишување наративи – секој ден е различен и се соочуваме со нови предизвици. Сега влегувам во ново поглавје на лично и професионално ниво и мислам дека нема подобро место за тоа од Телеком. Возбудена сум да видам што сè ме чека! “ НИНА МАЛИНОВА, Соработник за корпоративни комуникации.




Горди сме на успехот на програмата Smart Start и со нетрпение очекуваме да видиме како овие млади професионалци ќе придонесат за нашата компанија и за заедницата. Македонски Телеком ќе продолжи да инвестира во иднината на младите и да ги поддржува во нивниот професионален развој.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...