Моќта на промените:Како да напредувате во време на предизвици

од 24HR

Колумна на Анета Коробкина Мастер-тренер, автор на книги и спикер Сервисно лидерство

Нашиот мозок работи на тоа да jа заштеди енергиjата и затоа во многу ситуации ни е тешко да ги прифатиме промените или да смениме начин на деjстувње, затоа што тоа бара трошење на енергиjа. Но, сакале или не, секогаш ќе има моменти на несигурност и предизвик во нашите животи, едноставно затоа што живееме во таков свет. На што треба да се фокусираме во  тие моменти е со разбирање да прифатиме дека се се менува и да размислиме како со проемената може да напредуваме. Како лидер, ако видите дека работите не функционираат, треба да ја смените насоката, многу пати и кога работите  функционираат треба да размислите како би можело да се подобри. Затоа и во моjата втора книга адаптивност или прифакање на промени е дел од навиките за успех. Точно, може да биде тешко и во многу ситуации е тешко да се прифати промената, затоа што е многу полесно да се каже “и вака е добро”; “ние секогаш вака сме работеле”; “секако ништо нема да се смени”. Jac постоjано работам на изменување на овоj mindset  каj поединци и групи и искрено ќе ви кажам не е лесно. На многу луѓе не им се допаѓа идејата да променат нешто само затоа што ќе треба да излезат од зоната на комфортот. Сепак, прифаќањето на промените има придобивки.

Зошто треба да ги прифатите промените?

Промената е одлична, бидејќи ви овозможува да излезете надвор од вашата комфортна зона. Прифаќањето на промените може да ве исплаши, но нуди нови можности и начини да излезете надвор од зоната на удобност. И на крајот, само тоа ќе ја направи разликата. Прифаќањето на промените е важно поради неколку причини, кои може да имаат позитивно влијание врз личниот и професионалниот развој:

1. Приспособливост кон нови околности: Светот постојано се менува, а прифаќањето на промените ни помага да бидеме приспособливи и подготвени за нови предизвици. Со тоа можеме поуспешно да се справиме со неизвесностите и тоа носи помалку стрес.

2. Можности за раст: Промените често отвораат нови можности за учење и личен развој. Тие ни овозможуваат да стекнеме нови вештини и знаења, што може да биде корисно на долг рок.

3. Зголемување на иновативноста: Прифаќањето на промени ни помага да бидеме покреативни и иновативни, бидејќи нѐ поттикнува да размислуваме надвор од познатите рамки и да бараме нови решенија.

4. Превенција од застој: Одбивањето на промените може да доведе до стагнација и да го ограничи напредокот. Прифаќањето на промените значи дека остануваме конкурентни и релевантни во променливите услови.

5.Подобрување на лидерските вештини: Во светот на лидерството, способноста да се прифатат и управуваат промени е клучна. Лидерите кои успешно се справуваат со промени можат да ги инспирираат и водат другите поефективно.

Како можете да научите да ја прифатите промената?

Прифаќањето на промените бара развивање на ментална флексибилност и позитивен став кон нови околности. Првиот чекор е да се разбере дека промените се неизбежен дел од животот и дека секоја промена носи нови можности. Наместо да се спротивставуваме, можеме да се фокусираме на можностите за личен и професионален раст што произлегуваат од промената.

Добра почетна точка е да ги запишете работите кои би сакале да ги смените, тоа ви помага да ве мотивирате да погледнете дека има и други опции. Потоа да го погледнете кругот на луге околу себе. Ако никоj од вашиот близок круг не направил никакви промени тогаш време е да го смените тоj круг.  За почето убаво би било да наjдете ментор или коуч коj ке ви помогне да ги започнете промените. Некој кој може да ве води и да понуди поддршка.

Одржувањето на многу позитивен став, исто така, ќе ви помогне да ја прифатите промената и ќе го олесни процесот на растење и достигнување нови височини.

Дури и ако промената е страшна, jас секогаш си викам подобро да ризикувам одколу да жалам, па искрено до сега не сум жалела. Ако сакате да постигнете неверојатни резултати, треба да направитие нешто што не сте го направиле предходно. Но, на крајот на денот, откако ќе ја прифатите промената, таа ви овозможува да ги надминете сите предизвици.

За авторот:

Анета Коробкина

Мастер-тренер, автор на книги и спикер

Сервисно лидерство

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...