Со големо задоволство Ви ја претставуваме нашaта обука: „Wellbeing with Mindfulness “, која ќе се одржи на 14 ноември 2024 година, од 9:00 до 16:00 часот, во М6 Едукативен Центар.
Во денешниот динамичен свет, успехот на секоја компанија директно зависи од благосостојбата и менталната сила на вработените. Токму овој тренинг е неизбежна алатка за секоја компанија што се стреми кон одржлив успех и поголема продуктивност.
Програмата ќе им помогне на Вашите тимови да развијат позитивен менталитет, кој е основа за справување со стресот, носење јасни одлуки и постигнување на лични и професионални цели. Преку техники на Mindfulness и практики за поставување и остварување цели, Вашите вработени ќе научат како да ги трансформираат негативните мисли и да ги насочат кон продуктивни активности.
Зошто обуката е неизбежна? Преку воведување на Mindfulness и благосостојба во корпоративните структури, компаниите создаваат средина која ги намалува стресот и негативноста, ја зголемува мотивацијата и им овозможува на вработените да бидат посветени, креативни и фокусирани.
Не станува збор само за тренинг, туку за клучен чекор во градењето на долгорочно успешни тимови. Инвестирајќи во благосостојбата на Вашите луѓе, вложувате во иднината на Вашата компанија. Ова е програмата која не само што ја подобрува работната атмосфера, туку и ги носи компаниите еден чекор поблиску до нивните цели, создавајќи силни, резилиентни тимови кои се подготвени да ги надминат сите предизвици.
Со оваа обука Вашите вработени ќе ги постигнат следните цели:
Разберат како сопствените мисли влијаат на нивните постапки и резултати
- Како да ги претворат негативните мисли во позитивни за да успеат.
Се фокусираат на благосостојбата за подобра работна средина
- Како намалувањето на стресот, балансот меѓу работа и приватен живот, и одличната култура на работа можат да доведат до посреќни и попродуктивни вработени.
Стануваат свесни за поголем успех
- Како вниманието на сегашниот момент може да го подобри нивниот личен и професионален живот.
Поставуваат јасни цели и планови
- Ја учат важноста на поставувањето конкретни цели и преземањето чекори за нивно отстварување.
Користат визуелизација и позитивно размислување за да ги остварат своите цели
- Како замислувањето на успехот и користењето позитивни зборови може да помогнат во постигнување на нивните цели.
Превземаат акција за успех
Имаат победнички став
- Да се изградат квалитети како резилиентност и желба за постојано учење како дел од успешен начин на размислување.
Гледаат на неуспехот како на можност за учење
- Како да се промени нивниот став и да се гледа на грешките како начини за раст и напредок.
Ги применуваат сите ги овие идеи во пракса
- Како да имаат резултати кои траат
* Овој тренинг е достапен и in-house за цела компанија по договор
Придружете ни се и откријте техники и стратегии за подобрување на личната и професионалната благосостојба преку mindfulness практики, со цел да го подобрите фокусот, намалите стресот и зголемите продуктивноста.
Не ја пропуштајте шансата – искористете го Early Bird попустот додека трае!
За повеќе информации: https://ittude.one/2024-mindfulness/
Регистрација на contact@ittude.one или на 071365531.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.