Лидершифт:Заврши ерата на лидерите „осамени генијалци“

од 24HR

„Лидерот треба да е возрасен и да презема одговорност, но мора да задржи и детска љубопитност! Како може човек да ги одржи овие две страни живи?!“


Вчера (25.11.) се одржа премиерата на подкастот „Лидершифт“, на кој прв гостин беше Мишко Ралев, архитект и професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“.
Разговорот води низ личното искуство на Ралев и интересно се спојува лидерството во академијата и влијанието на лидерството во архитектурата која остава трага и ги „брендира градовите“.

Ралев го основа архитектонскиот факултет на „Американ Колеџ – Скопје“ и во разговорот го раскажува патот и луѓето со кого стигнале до целта. Но неговото делување и работење не завршува тука, бидејќи лидерите се одвојуваат по својата општествена активност и придонес, односно да влијаат на прогресивен развој.

Разговорот помеѓу гостинот и домаќините, Христина Велковска и Илијанчо Гаговски води низ повеќе теми за тоа како АИ влијае низ развојот на професиите и лидерите, вклучително и архитектите, како интергенерациски да најдеме заеднички јазик со Gen Z, кои се „џиновите“ врз чии рамена можеме да застанеме за насока, мудрост и лидерство. Како и тоа кои карактеристики треба да ги имаат лидерите на новото време во оваа пост ера на лидери „осамени генијалци“.

Целиот подкаст можете да го преслушате на линкот подолу:
https://youtu.be/0uSN96lmRO8

„Лидершифт“ е платформа создадена за да се споделуваат искуства, знаење, мисли и перцепции за тоа како може да се успее и да се врати назад во општеството, од луѓе кои имаат веќе докажано општествено лидерство со своето живеење, работење и делување. Целта ни е е да ги идентификуваме овие луѓе и да ги извлечеме од „сенката“ за сите, да ги видиме и слушнеме.

Мисија на Лидершифт е да едуцира и инспирира.

Во нашите разговори ќе преовладуваат пасијата, срцето, посветеноста и љубовта на нашите соговорници кон она што го работат и начинот на кој живеат.

Доколку сакаш вакви луѓе да бидат дел од твојата орбита, заследи го Лидершифт на:
YouTube каналот: youtube.com/@vitainstitut
Instagram: instagram.com/vitainstitut
LinkedIn: linkedin.com/company/19089198/admin/dashboard
Facebook: facebook.com/vitainstitut 

Домаќини во оваа епизода на Лидершифт се, Христина Велковска, чија пасија и работа е создавање лидери и трансформација на компании, како основач на Вита Институт и Илијанчо Гаговски, лидер во ИТ индустријата, перцептивен со одлична смисла за хумор и силни вредности, косопственик на FledgeWorks.
Лидершифт е производ на Вита Институт – компанија која работи на трансформација и развој на компании, лидери и тимови преку едукација, консултанство, дигитализација и коучинг.
 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...