482
Со огромна чест и радост го примивме признанието „#БЛАГОДАРАМ Амбасадор“, кое е знак на нашата поддршка и вклученост во ширењето на културата на благодарност во заедницата.
Оваа иницијатива, предводена од м-р Ана Салтирова Давидовски, автор, NLP тренер и коуч, има за цел да инспирира позитивни промени и да создаде простор за добрина, раст и соработка.
Како дел од ова патување, сме горди што можеме да придонесеме за ширење на магијата на благодарноста преку поддршката на кампањата @ЛиченИзбор и книгата #Благодарам.
Со ова признание ја зацврстуваме нашата мисија да бидеме извор на инспирација за професионалци и заедници низ Македонија. Благодарноста е основата на сите големи достигнувања, а ние сме благодарни што сте дел од ова патување со нас.
Благодариме на Ана за оваа уникатна можност и инспирација!
