EMPLOYEE ENGAGEMENT

од 24HR

Колумна на Фросе Тумановска ХР менаџер во Premium Service Inc

 EMPLOYEE ENGAGEMENT : Колку често сте се запрашале: Дали вашите вработени се во сериозна врска со работата – или само „свајпуваат“ за плата?
Во HR многу често сакаме да зборуваме за engagement.
Си велиме:
 „Engagement е важен!“
 „Ајде да го мериме engagement!“
 „Ќе го зголемиме engagement!“
ОК, доброоооо……… АМА ајде вака – посликовито да го објасниме.
Во духот на петок,ајде да збориме за engagement, ама на малку поинаков начин. Замислете го engagement како…… љубовна врска!

A: Вработениот:
 „Работата е океј, платата си тече, лаптопот ми е брз…
 ама се чувствувам како да сум на Tinder со работата.
 Само свајпувам. Нема искра.“
B: Менаџерот:
 „Сакаме engagement! Ајде тимски дејт – ќе одиме во кафана,
 ќе се напиеме нешто, ќе се опуштиме…
 Ќе се ‘заљубат’ во фирмата!“
A: Вработениот:
 „Кафана? Не е лошо…
 Ама дали некој ќе ме праша како сум?
 Дали некој слуша што велам –
 …..или само се надеваме на ‘хемија’ под звуци на жива музика?“

 Ајде сега да бидеме реални:
 Engagement не се гради со ракија и мезе (барем не трајно).
 Тоа е:
– Вистинска комуникација
– Чувство на припадност
– Слушање, разбирање и емпатија
– Инспирација и чувство дека си дел од нешто што вреди

 Петочки да се запрашаме!!!
1. Дали вашите вработени се во сериозна врска со работата – или само на „one-night stand“ со платата?
 2. Дали кафаната е доволна за да „се заљубат“ во организацијата?
 3. Кој е најбизарниот „тим билдинг“ што сте го виделе?

Ајде сега да одиме step forward – да се предизвикаме самите себеси :
Денес, направете нешто за да ги поврзете вашите вработени. Нешто вистинско, човечко. Можеби обичен разговор, можеби споделување на приказна. Или можеби… наместо пица, земете им цвеќе. (Метафорично, секако! 😉 )

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...