Во најгледаната утринска програма „Добро утро, Македонијо“, на Канал 5 ТВ, своето гостување го имаше Бјанка Катру – Заменик генерален директор на финансиската компанија М Кеш, која оваа година одбележува 10 години успешно работење во земјава.
Во разговорот, Катру ја претстави корпоративната филозофија на М Кеш, со акцент на општествената одговорност која не е само декларативна заложба, туку длабоко вградена вредност во корпоративната и групациска култура на компанијата.
М Кеш е дел од голема меѓународна групација со присуство на два континента – Европа и Северна Америка. За оваа група, одговорноста кон луѓето и грижата за нив – и како клиенти и како дел од заедницата – се меѓу највисоките приоритети.
„Оваа година, славејќи една деценија постоење, решивме да не правиме само прослава – туку да оставиме трага. Така се роди ‘Од срце за срце’ – иницијатива инспирирана од нашите вработени, од нивната емпатија, желбата да направат добро и да допрат до оние на кои најмногу им е потребно,“ изјави Катру.
Во рамките на оваа иницијатива, веќе се реализирани повеќе од десет активности во различни градови низ Македонија, вклучувајќи донации за Одделот за детска онкологија и хематологија при Клиниката за детски болести, поддршка за социјално загрозени семејства, старски домови, реновирање училишни дворови, опремување градинки, како и волонтерски активности на терен.
„Нашата сила не се мери само со бројот на клиенти, туку со влијанието што го оставаме таму каде што сме најпотребни,“ нагласи Катру.
Таа посочи дека „Од срце за срце“ не е еднократна хуманитарна акција, туку долгорочна мисија чија цел е да изгради мрежа на хуманост, добрина и заедничко делување – каде што ќе се вклучат не само вработените на компанијата, туку и пошироката јавност, институции, училишта, локални партнери и клиенти.
„Секој настан, секоја насмевка и секоја искрена благодарност ни е мотивација да продолжиме. Ќе инвестираме уште повеќе време, средства и енергија во оваа мисија, затоа што веруваме дека добрината е заразна – кога се споделува, таа расте,“ додаде Катру.
Катру додаде дека во првите неколку акции се приклучиле и граѓани, наставници, родители, мали локални бизниси, па дури и минувачи – што потврдило дека добрината навистина инспирира.
Покрај хуманитарниот ангажман, Катру се осврна и на развојниот пат на компанијата, од мала канцеларија до лидер во секторот за финансиски услуги, со повеќе од 220 вработени, над 50 продажни места и нови брендови како Фин Кредит и М Брокер под капата на М Кеш.
„Во тоа време бевме една канцеларија од 90 квадрати и 10 вработени и еден онлајн канал. А денес – над 220 вработени, речиси 60 продажни места, и нови брендови како Фин Кредит, М Брокер и АКДП. Сите тие делуваат заеднички – со јасна визија и отворени умови, посветени на подобрување на општеството и секојдневниот живот на луѓето.“
Таа истакна дека М Кеш, следејќи ја ДНК структурата на својата групација МФГ, се стреми кон иновации, дисперзија на услуги и постојано отворање на нови пазари.
„Нашата група веќе е присутна во Бугарија, Романија, Полска, Хрватска, Шпанија, а наскоро ќе започнеме и со активности во Кенија, Перу и Мексико,“ сподели Катру.
На прашањето како ја гледа иднината на М Кеш, Катру одговори со јасна визија и самодоверба:
„М Кеш го гледам како водечки финтек бренд, не само во Македонија, туку и во поширокиот регион. Ќе продолжиме да инвестираме во иновативни дигитални решенија, да ја унапредуваме корисничката грижа и да останеме пример за транспарентност, етика и одговорност. Но, најважно од сè – ќе останеме блиску до луѓето.
Ние сме подготвени за нови пазари, нови технологии и нови хуманитарни иницијативи. Но никогаш нема да ја изгубиме врската со она од каде што започнавме – со клиентите, со нашата заедница, со суштината на хуманоста. Ќе даваме уште повеќе – од срце, за срце.
Затоа што, во М Кеш веруваме дека вистинската сила на една компанија не се мери само со бројки и резултати, туку со човечноста што стои зад секое дело “ заврши Катру
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.