ИНТЕРВЈУ СО НАТАША АЛЕКСОВСКА ПО ПОВОД ДЕСЕТ ГОДИНИ VIVENDUM RATIO SOLUTIONS: ГРАДЕЊЕ ОРГАНИЗАЦИСКИ УСПЕХ ПРЕКУ ЛУЃЕТО

од 24HR

Оваа година, Vivendum Ratio Solutions ја одбележува својата 10-годишнина од постоењето, значаен јубилеј кој претставува повеќе од бројка. Тоа е сведоштво за посветеност, континуиран развој и довербата што компанијата ја изгради кај своите клиенти. Во изминатава деценија, Vivendum Ratio Solutions се позиционира како доверлив партнер за организации од јавниот и приватниот сектор, помагајќи им да создадат одржливи резултати и да изградат организациска агилност, клучна во денешното динамично деловно опкружување.

Компанијата е препознатлива по својот силен фокус на развој на човечкиот потенцијал, верувајќи дека луѓето се двигателот на секоја успешна трансформација. Преку иновативни решенија во организацискиот дизајн, HR трансформацијата, развојот на лидерство, управување со перформанси и обуки засновани на докажани методологии, Vivendum Ratio Solutions изгради репутација како консултантски партнер кој не нуди универзални модели, туку креира прилагодени решенија за специфичните потреби на клиентите.

Јубилејот е вистинска можност за еден осврт кон досегашните достигнувања, но и за разговор за идните предизвици, визијата и плановите кои ќе го водат патот напред. Во ова интервју со Наташа Алексовска, основач и постар деловен консултант во компанијата, со повеќе од 20 години искуство во областа на HR и организацискиот развој, зборуваме за успесите што ја дефинирале компанијата, практичните примери кои го покажуваат влијанието на нивната работа, како и за иднината што ја градат за следната деценија.

Vivendum Ratio Solutions слави 10 години постоење. Како би ја опишале оваа деценија и кои се клучните моменти што ја обележаа?

Кога ќе направам осврт на последните 10 години, можам да кажам дека изминатата деценија претставува трансформативно патување на Вивендум Ратио Солушнс. Оваа деценија растевме, учевме и се обликувавме како консултанти со секој проект и секоја индустрија со која соработувавме. Секој наш ангажман беше чекор кон продлабочување  на нашата експретиза и посветеност кон градење и имплементација на персонализирани решенија кои претставуваат додaдена вредност на нашите клиенти.

Како клучни моменти или клучни фази кои ја одбележаа оваа деценија би можела да ги наведам: персонализираните решенија и синергија со индустриите со кои соработувавме, експертизата во управување со промени и секако отварање на Center of excellence (Центар на извонредност) на Вивендум ратио Солушнс.

  • Способноста да ја разбереме и усогласиме визијата и мисијата, деловното работење и организационата култура на нашите клиенти стана темел на нашиот успех. Без разлика дали соработувавме со мали семејни компании или мултинационални компании, компании од малопродажба, логистика, автомобилска или фармацевтска индустрија, нашите персонализирани решенија ги усогласувавме со единствените потреби на секој клиент.
  • Клучен момент во нашето патување беше и развој на експертиза за управување со промени, станавме катализатор и агент за трансформација за секој проект кој го работевме со нашите клиенти. Од воспоставување на функција човечки ресурси, трансформација на функција човечки ресурси, водење на лидерски транзиции до реструктуирање на организации, ги вградивме принципите на управување со промени за да поттикнеме агилност, креирајќи услови во кои клиентите ќе ги надминат комплексните транзиции со јасна цел и одржливи резултати.
  • Истакнат момент беше и основањето на нашиот Center of Excellence ( Центар за извонредност) во 2020 година. Во центарот за својот период на постоење се организираа и одржаа над 165 обуки за повеќе од 1.900 учесника на преку 45 теми, од лидерство до емоционална интелигенција. Нашите клиенти ги опишаа нашите програми како „највлијателни“ на кои присуствувале, што го одразува нашето влијание на поттикнување на професионален раст и придонес кон општественото добро. Формирањето на центарот и импресивните бројки кои стојат зад него ја зацврсти нашата улога како лидер во областа на трансформативни обуки и развој.

Оваа деценија беше раст преку партнерство, учење од секој предизвик и градење на решенија кои ги поддржуваат и охрабруваат организациите и нивните вработени. Овие моменти – пристап ориентиран кон клиенти, експертиза во управување со промени и Центарот за извонредност  го дефинираат тоа што сме – Вивендум Ратио Солушнс. 

Кои услуги и решенија најмногу ја обликуваа вашата репутација на пазарот и каде гледате дека имате најголем импакт врз клиентите?

Речиси секое решение што сме го имплементирале ја обликувало нашата репутација – од трансформација на функција човечки ресурси до оптимизација на деловни процеси, анализа на податоци и вградување на технологија во процесите. Она што навистина нè дефинира, сепак, е нашата способност длабоко да ja разбереме деловната филозофија на клиентите, да ги анализираме нивните процеси, да поставиме соодветни метрики за мерење на резултатите и квалитетот во работењето и да се усогласиме со нивната единствена организациона култура за да создадеме персонализирани решенија со мерливи резултати.

Некои од решенијата по кои станавме претпознатливи се:

  • Трансформација на функција човечки ресурси

Нашите проекти за трансформација на функција човечки ресурси, трансформација на функција фовечки ресурси од административен во стратешки модел  за дистрибутер од FMCG индустријата или оптимизирање на процеси на човечки ресурси во автомобилската индустрија, нè позиционираа како експерти во трансформација на функцијата во облик и ниво соодветно на стратегијата на компанијата.

Преку креирање политики, стратегии за регрутација, рамки на компетенции и системи за управување со перформанси како Balanced Scorecard, им овозможивме на клиентите да го усогласат човечкиот капитал со деловните целите, поттикнувајќи ефикасност и ангажираност.

  • Оптимизација на деловни процеси

Нашите напори за поедноставување на процесите – дали се работи за редизајн на  магацински операции или редизајн на процес на регрутацијата во оддел за човечки ресурси – ни донесе репутација на соработници кои имаат аналитичка способност да ги идентификуваат и елиминираат неефикасните процеси.

Како за пример ќе споделам со вас дека во проектот за оптимизирање на процес на регрутација успеваме да го намаливме времето за регрутација на производствени работници и обработка на договори и анкеси за вработување од 30 на 7 дена во оддел за регрутација и персонална администрација на Човечки ресурси, при што обезбедивме законска усогласеност и зголемена ефикасност.

  • Анализа на податоци и мерење на резултати

За наши клиенти од логистика и малопродажба, воспоставивме прецизни KPI (клучни показатели на успех)  и направивме интеграција на аналитика со што овозможивме носење на одлуки базирани на дата. За наш клиент од логистика имплементиравме real time  аналитички панел, со што ја подобривме точноста на испораките и ефикасноста на трошоците за само девет месеци. Со овие проекти ја зацврстивме нашата репутација во имплементација на проекти со мерливи резултати.

Нашето најголемо влијание лежи во имплементација на персонализирани решенија што се усогласени со деловната филозофија и културата на секој клиент, обезбедувајќи трајна трансформација. Со анализа на процесите и поставување прилагодени метрики, создаваме системи што носат мерливи резултати.

Она што нè издвојува е нашиот фокус на менторство и коучинг за да обезбедиме одржливост. Ние не само што имплементираме решенија – ние ги обучуваме тимовите на клиентите со знаење и практики со кои ќе ги одржуваат и подобруваат овие системи со текот на времето.

Оваа посветеност на траен импакт – преку прилагодени решенија и обучени тимови – е наш заштитен знак и сржта на нашата репутација.

Може ли да споделите конкретен пример од пракса каде вашите интервенции направиле значителна трансформација во една организација?

Еден од нашите највлијателни проекти беше двегодишна иницијатива за управување со промени за клиент кој управува со специјализирани магацини за фармацевтски производи, козметика, чаеви и хемикалии. Овој проект прикажува како нашите персонализирани решенија, втемелени во разбирање на деловната филозофија и културата на клиентот, ги трансформираа нивните операции и работна сила, давајќи мерливи и трајни резултати.

Предизвик

Кога започнавме, клиентот се соочуваше со значајни оперативни и организациски пречки. Немаше стандардизиран систем за процеси, што доведуваше до неефикасности и проблеми со усогласеност. Неформалните хиерархии и нефункционалната матрична организација создаваа нејасни улоги и одговорности. Кај раководителите недостасуваа менаџерски вештини, ангажманот на повисокиот менаџмент беше низок, а комуникациските канали нејасни. Вработените покажуваа ниска мотивација, нарушени меѓучовечки односи и празнини во корпоративното знаење, заедно со предизвици поврзани со генерациски разлики и планирање на наследување. Овие проблеми ја загрозуваа способноста на клиентот да одржи квалитет, безбедност и ефикасност во нивните специјализирани операции.

Нашето решение

Дизајниравме повеќефазна програма за управување со промени прилагодена на единствените потреби на секој магацин. Ја оптимизиравме организациската структура со воведување нивоа на талент и ревидирање на описите на работните места за да се усогласат со стратешките цели. За да го адресираме надоместокот, го стандардизиравме системот на плати за да биде конкурентен во логистичката индустрија. Имплементиравме робустен систем за управување со таленти со јасни правила за унапредување за да ја поттикнеме кариерата и мотивацијата.

Ги редизајниравме сите магацински процеси, создадовме сеопфатни стандардни оперативни процедури (SOPs) и испорачавме обука преку нашата Vivendum LSM платформа за да обезбедиме стручност кај вработените. Прирачник за вработени ги консолидираше суштинските корпоративни знаења, додека менторството и коучингот за координаторите и новиот менаџер на магацинот ги изградија лидерските капацитети. Исто така, воведовме клучни индикатори за успех (KPI) и неделен/месечен систем за известување за да поттикнеме одлуки базирани на податоци.

Влијание

Резултатите беа трансформативни. Оптимизираната организациска структура и системот за управување со таленти ги разјаснија улогите, ја подобрија јасноста на кариерната патека и го зголемија ангажманот на вработените. Стандардизираните процеси и SOPs, поддржани со обука, обезбедија регулаторна усогласеност и поедноставени операции. Менторството за лидерство ги овласти координаторите и новиот менаџер, создавајќи мотивирана и усогласена работна сила. KPI-системот за известување ја зголеми одговорноста, со мерливи подобрувања во контролата на квалитетот и оперативната ефикасност.

Клиентот не само што ги одржа овие промени, туку продолжи со понатамошна оптимизација и автоматизација, демонстрирајќи зголемен капацитет за извонредност и адаптибилност. Овој проект е пример за тоа како нашите персонализирани, решенија базирани на мерење на податоци, комбинирани со менторство и coaching, создаваат трајна трансформација за нашите клиенти.

Човечкиот капитал е во сржта на вашата работа. Како гледате на развојот на HR индустријата во Македонија во изминатите 10 години и какви промени очекувате во иднина?

Човечкиот капитал е пулсот на Вивендум Ратио Солушнс. Во изминатата деценија, бевме сведоци на тоа како функцијата човечки ресурси во Македонија се разви од административна функција во стратешки двигател на организацискиот успех, и очекуваме уште поголеми промени во годините што следат, бидејќи организациите се прилагодуваат на нови предизвици.

Изминатата деценија: Премин кон стратешки модел на човечки ресурси

Пред десет години, човечки ресурси во Македонија беа претежно административна улога, фокусирана на задачи како пресметка на плати и законска усогласеност, со мала поврзаност со деловните цели. Нашите рани проекти, како поддршка на семејни компании, открија неформални процеси и недостаток на структуриран систем за човечки ресурси, што ја ограничуваше организациската агилност.

Големата стапка на ислеување низ Балканот, вклучително и Македонија, ги натера компаниите да ги преиспитаат стратегиите за таленти, поттикнувајќи ги вработените во човелки ресурси да се фокусира на задржување и развој.

Пандемијата COVID-19 го забрза прифаќањето на технологијата во човечки ресурси, додека  растечкото влијание на генерацијата Z во работната сила создаде побарувачка за модерни практики, како системи за градење на искуство на вработените и флексибилни работни услови.

И покрај напредокот, предизвиците како недостиг на работна сила и неконзистентни политики на човечки ресурси останаа и сеуште се актуелни области за подобрување кај организациите.

Иднината: HR како катализатор за агилност

Гледајќи напред, очекуваме функцијата човечки ресурси во Македонија да се фокусира на агилност и иновации. Тековниот предизвик со мобилноста на таленти ќе поттикне инвестиции во искуството на вработените, при што компаниите ќе даваат приоритет на ангажираноста, благосостојбата и развојот на кариерата за да задржат врвни таленти.

Технологијата ќе игра сè поголема улога, со вештачка интелигенција и аналитика што ќе овозможат предвидувачко планирање на работната сила и персонализирани развојни патеки за вработените. Во ерата на технологија и вештачка интелигенција, најголемата битка што следи ќе биде битката за знаење — кога формалното образование нема да биде доволно, а знаењето ќе се надградува на секои неколку месеци, ќе мора да се фокусираме на тоа како да ги учиме луѓето за да ги задржат своите аналитички способности, вештини за решавање проблеми и критичко размислување. Човечки ресурси треба да биде во центарот на тие иницијативи и нивен катализатор.

Што е тоа што ја издвојува Vivendum Ratio Solutions од другите консултантски компании, односно кој е вашиот „потпис“ во работењето?

Она што ја издвојува Vivendum Ratio Solutions е нашиот пристап фокусиран на човекот и воден од принципот на едноставност во трансформацијата. Нашиот „потпис“ се состои во дизајнирање јасни, практични решенија што се усогласени со единствениот идентитет и целите на секој клиент, обезбедувајќи одржлива промена преку длабока соработка и овластување.

Нашиот препознатлив пристап

Фокус на индивидуа

Луѓето се во срцето на секое решение. Без разлика дали редизајнираме организациски структури или менторираме лидери, приоритет ни е разбирањето на луѓето зад процесите.

Едноставноста како основен принцип

Како што е истакнато и во нашата е-книга, веруваме дека едноставноста носи јасност и влијание. Комплексните системи создаваат хаос, па затоа ги поедноставуваме процесите за да ги елиминираме повторувачките чекори и процеси, а притоа да ја задржиме ефективноста.

Длабока соработка и прилагодување

Ние не нудиме универзални решенија. Преку целосно вклучување во операциите и културата на клиентите, креираме персонализирани интервенции.

Овластување преку менторство и coaching

Нашата посветеност на трајна промена нè издвојува. Ние не само што имплементираме решенија – ние ги менторираме тимовите на клиентите за да ги одржат.

Оваа комбинација на фокус на луѓето, едноставност, прилагодување и овластување е наш заштитен знак. Затоа клиентите од различни индустрии – од логистика до невладини организации – ни веруваат да имплементираме трансформации што остануваат, создавајќи работни места каде што луѓето и организациите напредуваат.

Каква е вашата визија за следната деценија? Кои се новите услуги, трендови и иницијативи што планирате да ги донесете за да останете чекор пред предизвиците?

Нашата визија за следната деценија е да го продлабочиме нашето влијание низ Македонија и Балканот, овозможувајќи им на организациите да напредуваат во услови на економски, социјални и демографски предизвици преку решенија фокусирани на човекот и водени од процеси. Како бизнис аналитичари и експерти за трансформација, ќе се фокусираме на оптимизирање на организацискиот дизајн, поедноставување на процесите, искористување на аналитика и вештачка интелигенција, и вградување на технологија, обезбедувајќи одржлив раст за нашите клиенти.

Визија и стратешки цели

Ги замислуваме организациите на иднината како отпорни и агилни, со луѓе и процеси усогласени со стратешките цели. Како што беше нагласено јубилејниот говор, целиме да бидеме доверлив партнер на организаците кои се соочуваат со недостиг на таленти, пазарна нестабилност и брзи промени, создавајќи работни места што носат конкурентска предност и општествено добро низ Балканот.

Нови услуги и иницијативи

Оптимизација на организацискиот дизајн

Ќе ја прошириме нашата експертиза во дизајнирање на рационални, агилни организациски структури прилагодени на идентитетот и целите на секој клиент. Нашите напори ќе одат во насока да им помогнеме на клиентите да ги елиминираат неефикасностите и да ги усогласат улогите со стратешките приоритети.

Оптимизација на процеси и иницијативи за намалување на трошоци

Ќе продолжиме со фокусот на поедноставување на процесите за да постигнеме заштеди преку редизајнирани деловни процеси. Преку вопсотавување на KPI и следење на резултати во real time,  на клиентите ќе им овозможиме носење на одлуки базирани на податоци и мерливи резултати од нашите иницијативи.

Анализа на податоци и примена на алатки со вештачка интелигенција

Ќе ги унапредиме нашите услуги за анализа на податоци преку дефинирање на спецификации за аналитички и AI алатки што овозможуваат предвидувачко носење на одлуки. Планираме да ги водиме клиентите во усвојување на аналитички и AI решенија преку анализа на процесите и дефинирање на барања за алатки што предвидуваат потреби за работна сила или оптимизираат операции.

Оптимизација на процеси со вградување технологија

Како бизнис аналитичари, ќе ја водиме дигиталната трансформација преку редизајн на процеси и дефинирање на кориснички спецификации за софтверски системи, платформи или алатки за управување со резултати и квалитет во работењето. Нашите инцијативи ќе се движат во насока на беспрекорна интеграција што е усогласена со потребите на клиентите, без самите да ја развиваме технологијата.

Одржливост и благосостојба на работната сила

Воспоставивме системи за вградување на одржливи практики и подобрување на благосостојбата на вработените,преку програми за задоволство и искуство на вработените, одговарајќи на глобалните трендови и локалните предизвици со таленти.

Менторство и коучинг

Менторството ќе остане темел на нашата работа, обезбедувајќи долготрајна трансформација.

Чекор пред предизвиците

За да се справиме со предизвиците како мобилноста на работната сила и технолошките нарушувања, ќе го искористиме фокусот на едноставност од нашата е-книга за да создадеме персонализирани решенија. Преку редизајн на процеси, аналитика и менторство  ќе им овозможиме на клиентите да се движат низ промените со самодоверба.

Нашиот Центар за извонредност ќе продолжи со иницијативите за трансфер на знаења и практики кои се актуелни за

Во ера кога формалното образование не ги задоволува потребите и знаењето брзо се менува, Центарот за извонредност ќе стане катализатор за иницијативи за континуирано учење. Ќе се фокусираме на развој на аналитички способности, способност за решавање проблеми,  критичко размислување и секако развој на емоционална интелигнеција преку обуки, менторски програми, работилници и други методи на учење. Ова ќе им помогне на клиентите да изградат работна сила подготвена за иднината, особено во услови на тензии на пазарот на труд и раст на „човечки вештини“ како што е прилагодување на промени. Нашата визија е да ги поддржиме организациите во Македонија и регионот да постигнат траен успех преку оптимизирани процеси, одлуки базирани на податоци и вработени со знаење и овластување за континуирано подобрување на деловното работење. Ги покануваме партнерите да ни се придружат во создавање иднина исполнета со јасност, напредок и трансформација

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...