Лидерот не се создава со универзален модел – Зошто развојот на вистински лидери мора да биде персонализиран

од 24HR

Ако тргнеме од најгенеричката дефиниција – лидер е личност која има следбеници, односно личност која има влијание. Но, тоа не значи автоматски дека секој што има влијание е и добар лидер или дека е она што навистина очекуваме од лидер.

За да создадеме вистински лидер, не е доволно да обучуваме „способност за влијание“. Потребно е да најдеме личност со соодветни карактеристики, вредности, знаења и вештини – такви што ќе можат да ги обединат луѓето околу заедничка цел од која корист ќе имаат и организацијата и вработените и општеството.

Од оваа парадигма јасно произлегува дека пристапот кон градење лидери мора да биде длабоко персонализиран, а не „една мерка за сите“. Во игра се премногу варијабли за да може да постои универзален рецепт.

Кога гледаме од организациска перспектива, лидерот треба да биде личност која создава визија, инспирира други да ја остварат, менторира, делува како coach и развива нови лидери.

Но, во организациски контекст, лидерот пред сè мора да биде и одличен менаџер – ефикасен и ефективен во управувањето со процеси, тимови и постигнувањето цели. Зошто?

Затоа што без солидно познавање на областа на работа, невозможно е да се создаде реална визија; во спротивно, таа би била производ на ограничена рационалност.

Во реалниот свет често среќаваме извонредни менаџери кои постигнуваат врвни резултати, но едноставно немаат лидерски потенцијал. Кај нив способност за градење и пренесување на визија, развој на вработени и создавање на идни лидери не е дел од нивниот вроден потенцијал.

Од сето ова може да се извлече единствен заклучок: градењето лидери е комплексен, мултидимензионален процес, во кој мора да се земат предвид следните фактори:

  • контекстот на индустријата и организациската култура (секоја индустрија бара поинаков тип лидер – во производство доминира оперативната ефикасност и безбедност, во банкарство ризикот, регулативата и дигиталната трансформација);
  • видот и зрелоста на организацијата (старт-ап, зрела корпорација, подружница, централизирана структура);
  • специјалистичките знаења и вештини според нивото:
    • на линиско ниво: супервизија и лична ефикасност
    • на функционално ниво: performance management, критичко размислување, data literacy, раководење во време на AI и AI етика
    • на стратешко ниво: стратешка визија, управување со промени, data-driven одлуки, иновации, организациски дизајн и издржливост;

И уште едно нешто кое важи за сите нивоа без исклучок:

Без емоционална интелигенција – нема вистинско влијание.

Само кога сите овие димензии се вклопени, добиваме вистински лидер.

И конечно – развојот на менаџери и лидери не може и не треба да се случува само во училница. Согласно когнитивната психологија и педагогија, 70 % од знаењето луѓето ги градат врз основа на искуство и процес на создавање смисол, 20 % доаѓа преку интеракција со други, и само 10 % преку традиционални методи како курсеви, семинари, предавања и сертификации.

Токму врз оваа научно докажана 70-20-10 теорија за учење на возрасни ја создадовме програмата на Центарот за развој на менаџерски и лидерски вештини – но со три клучни разлики кои ја прават единствена на пазарот: целосна персонализација, мерливост на резултатите и јасен поврат на инвестицијата (ROI).

Срцето на програмата е Индивидуалниот план за влијание (Individual Impact Plan – IDP). По длабинска дијагностика и baseline проценка (360° feedback, бихејвиорални интервјуа и мерење на KPI), за секој учесник креираме сосема уникатен план:

70 % се реални, мерливи задачи и проекти директно на работното место ,

20 % се менторство, коучинг и peer-to-peer интеракција,

10 % е формално учење – само она што навистина му треба на тој поединец.

Целиот процес го мериме и евалуираме според Kirkpatrick моделот на ниво 3 и 4 (промена во однесувањето и влијание врз бизнис резултатите), што совршено се надополнува со 70-20-10 концептот и со нашиот фокус на ROI. Така не остануваме на „се надевам дека функционира“, туку точно знаеме што се променило кај лидерот и колку изнесува додадената вредност за организацијата.

Во Вивендум Ратио Солушнс, не нудиме само обука – ние водиме мерлива трансформација.

Нашиот Центар за извонредност ја спојува академска систематичност со експертиза од реалниот свет за да создаде динамично, трансформативно искуство за учење за организации и поединци кои се подготвени да водат.

За организации кои сакаат вистинско лидерство со мерлива додадена вредност за деловното работење и јасен поврат на инвестицијата – контактирајте не на:https://vivendumsolutions.com.mk/mk/center-of-excellence-mk/

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...