понеделник, декември 29, 2025
Почетна КолумниТајната на довербата и психолошкиот капитал

Тајната на довербата и психолошкиот капитал

by 24HR

Колумна на Афродита Кермичиева Пановска-Executive & Career Coach / HR Leader 

Патот кон отпорност и раст

Довербата е како воздухот во канцеларија, ако ја имате, луѓето дишат полесно, работат побрзо и се чувствуваат сигурни. Ако ја нема… сите се проверуваат меѓусебно, комуникацијата застојува и продуктивноста се топи како ледено кафе на сонце. Таа е невидливата валута што го одредува темпото, квалитетот и насоката на секоја организација.

Но довербата сама по себе не е доволна. Психолошкиот капитал (PsyCap) ја прави довербата функционална и моќна. Тоа е комбинација од четири психолошки ресурси кои го поттикнуваат одржливиот раст на поединецот и тимот:

  1. Hope (Надеж) – кога луѓето веруваат дека постојат патеки до успех и дека организацијата ги поддржува, довербата расте. Надежта ги движи луѓето кон иницијатива и нови идеи. Таа е основа за култура на доверба.

  2. Efficacy (Самодоверба/Компетентност) – доверба во менаџерот и тимот создава чувство дека можете да ја завршите задачата успешно. Луѓето кои веруваат во себе, веруваат и во организацијата. Кога луѓето веруваат во себе, тие природно ѝ веруваат и на организацијата.

  3. Resilience (Отпорност) – довербата овозможува луѓето да закрепнат по грешки или промени. Без доверба, најмала препрека предизвикува стрес и застој.

  4. Optimism (Оптимизам) – кога постои култура на доверба, луѓето гледаат можности наместо пречки. Оптимизмот поттикнува соработка, иновации и задоволство од работата.

Во здрава организациска култура, довербата е „горивото“ што ги синхронизира овие четири елементи.

Зошто ова е критично за вашата компанија

  • Тимовите со висок PsyCap и доверба се побрзи и поефикасни во решавање проблеми.

  • Иновациите цветаат, бидејќи луѓето не се плашат да пробаат нешто ново.

  • Вработените се ангажирани, мотивирани и подготвени за раст, што ги прави компаниите поатрактивни за таленти.

Како да се имплементира психолошкиот капиталиот (PsyCap)  во организацијата?

Во организациите, имплементацијата на психолошки капиталиот (PsyCap) мора да се изведе систематски и методично. Прв чекор е процена на моменталната состојба преку анкети, разговори и психолошки проценки за да се идентификуваат слабите точки и можностите за развој на психолошки капитал. Понатаму да се применуваат специјализирани програми со когнитивно-бихејвиорални техники, вклучувајќи активности за градење самодоверба, учење на стратегии за справување со стрес, развој на оптимизмот и поставување на конкретни, достижни цели за поттикнување надеж. Обуките треба да бидат интерактивни и поврзани со секојдневните реални ситуации. 

Важен е исто така личниот развој преку поддршка од искусни лидери или коучеви кои работат на градење доверба и компетенции кај вработените, како и поттикнување организациска култура со вредности како доверба, транспарентност и поддршка за иновации, каде што грешките се прифатени како дел од учењето.

При имплементацијата на психолошки капиталиот (PsyCap) потребно е да се предвидат и придружни мерки како воспоставување на системи за позитивно признание, флексибилност во работењето, и механизми за обратна врска кои дополнително обзбeдуваат континуиран развој.

Зошто е важно да се мери психолошки капитал (PsyCap)?

  • За да се следи напредокот и ефективноста на имплементираните интервенции.
  • За да се трансформираат податоците во стратешки одлуки во управувањето со човечки ресурси.
  • За подобро разбирање на потребите на тимот и поединците за да се поттикне персонализиран развој.
  • За да се докаже повратот на инвестицијата во развојот и добросостојбата на вработените.

Како да се мери психолошкиот капитал (PsyCap) и довербата

  • Преку инструменти како Psychological Capital Questionnaire (PCQ) со кој се мери секој од четирите елементи преку стандарди прашалници.
  • Со комплементарни анкети за задоволство, ангажман и стрес.
  • Great Place To Work – Trust Index Surveyе алатка која го мери нивото на доверба, правичност, почит и гордост во организацијата и ја поврзува довербата со ангажираноста и задржувањето на талентите.
  • Чекор-по-чекор евалуација пред, за време и по интервенциите, со споредба со контролните групи во организацијата.
  • Следење на квалитативни податоци преку интервјуа и фокус групи за појаснување на бројките.

Исклучително е важно дека мерењето не треба да биде само формално, туку алатка за постојано учење и приспособување на организациските стратегии за развој на луѓето.

Во свет во кој несигурноста е новата константа, довербата и психолошкиот капитал (PsyCap) се конкурентска предност. Тие се модел на организациска интелигенција, клучни за лидерите што сакаат да создадат тимови отпорни на промени и инспирирани од визија.

Светската економија како што гледаме денес се соочува со несигурност, технолошки промени и растечка потреба од адаптација. Довербата стана критичен ресурс, не само интерно, туку и кон партнери, клиенти и јавноста. Психолошкиот капитал (PsyCap) помага HR-от и лидерите да градат отпорни тимови, подготвени за брзи промени и ефективно справување со надворешни предизвици. Компаниите кои инвестираат во нив создаваат тимови кои се мотивирани, отпорни, иновативни и спремни за секој предизвик.

Related Posts

Leave a Comment