четврток, јануари 1, 2026
Почетна НовостиСЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА:Александар Кочовски

СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА:Александар Кочовски

by 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?


На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.
Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на HR професионалците:
„Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?“
Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.
Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.
Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од HR светот!
Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Александар Кочовски COO во KosovaJob

Како некој што доаѓа од компанија која секојдневно работи со огласи за работа и е во директен контакт и со кандидатите и со компаниите, ова би го одговорил вака:

Ако би бил Дедо Мраз за сите HR-и, би посакал најдобрите кандидати да завршуваат во најдобрите компании, а компаниите навистина да ги препознаваат и задржуваат вистинските луѓе. Талентите не треба да се губат во погрешни улоги, туку да растат во средини каде има простор за развој и учење. Добрите кандидати заслужуваат добри ментори – луѓе од кои ќе учат и кои ќе ги водат со пример. А компаниите заслужуваат вработени кои се мотивирани, ангажирани и усогласени со нивните вредности, а не само „пополнета позиција“. Верувам дека ако нешто навистина треба да се смени, тоа е начинот на кој гледаме на вработувањето – не како крајна цел, туку како почеток на една долгорочна приказна. 

Related Posts

Leave a Comment