сабота, јануари 10, 2026
Почетна СтатииСЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: ХРИСТИНА МУТОВСКА, СЕНИОР РЕГРУТЕР ВО PERSONALPROGRAMMER

СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: ХРИСТИНА МУТОВСКА, СЕНИОР РЕГРУТЕР ВО PERSONALPROGRAMMER

by 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на HR професионалците:

„Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?“

Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од HR светот!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Христина Мутовска, сениор регрутер во Personal Programmer.

„Подарокот би бил работна средина со отворена и искрена комуникација, каде што ние, како HR тим, навистина ќе ги слушаме вработените со разбирање. Да бидеме нивна поддршка, колеги, но и пријатели – луѓе на кои можат да им се обратат со доверба.

Со транспарентност од самиот почеток и со конструктивен фидбек, да создадеме средина во која вработените ќе сакаат да споделуваат, без двоумење и страв.

Лекцијата од минатото е јасна – да не ги гледаме луѓето само како улоги, задачи или процеси што треба да се завршат. Туку како личности: луѓе кои бараат работа, кои растат, кои понекогаш поминуваат низ потешки периоди во рамки на својата позиција и на кои им е потребна поддршка, разбирање и човечки пристап.

Верувам дека токму ваквата култура создава посилни тимови и поубава иднина за сите.“

Related Posts

Leave a Comment