Работи што треба да се земат предвид при преиспитување на вашата кариера во неизвесна иднина

од 24HR

Пишува Јулијана Миновска, HR Директор на The HeadHunter во Македонија

Можеби е тешко да се замисли вашата идна кариера, во пост-пандемскиот период, со оглед на тоа што сè уште се соочуваме со Ковид-19. За жал, никој не знае дали светот ќе се врати во „нормала“ и кога ќе се случи тоа. Сепак, во меѓувреме, можеме да започнеме да ги реевалуираме и преиспитаме нашите кариерни траектории.

Како еластични, флексибилни и прилагодливи луѓе, ние досега сме надминале специфични кризи и ќе продолжиме да го правиме тоа. Иако не можеме да го промениме сегашното опкружување, владеење и економија во овој момент, секогаш можеме да преземеме чекори за да се подобриме и да размислиме дали сме навистина задоволни од тековната кариера. Пандемијата имаше широко влијание врз сите индистрии од почетокот на март. Со оглед на тоа дека работодавците продолжуваат да се прилагодуваат, се создаваат некои нови работни позиции како одговор на пандемијата. Овие нови улоги може да обезбедат дополнителни можности за довчерашните вработени кои останале без работа, предизвикувајќи голем број вработени да ги преиспитаат своите професии.

По пандемијата, постојат неколку предвидувања дека луѓето ќе патуваат помалку и ќе работат од дома повеќе. Многу компании може дури и да се префрлат на целосно далечинска работна сила. Оние кои во моментов не се во можност да се вратат на своите работни места поради рестриктивните мерки или економското влијание, се принудени да ја преиспитаат својата кариера, иако е тешко да се планира кога иднината е неизвесна. Имајќи ги предвид сите овие фактори, дојдовме до неколку прашања кои ќе ви помогнат да ја преиспитате вашата кариерна траекторија, вклучувајќи го и развојот на вашиот талент и потенцијал, во овие тешки времиња.

Треба ли да се „свртите“?

Без оглед на тоа каде се наоѓате, логично е да започнете со тоа што ќе се запрашате колку треба или колку сакате да промените. Како и повеќето работи, промената доаѓа во различни големини, а кариерните промени може да се движат од мали промени на позицијата, како што се промена на работни задачи или фокусирање во рамките на вашата моментална работа, до значителни транзиции во кариерата, како што се повторно спознавање на себеси, свртување кон нова индустрија или започнување со нова професија.

Дали знаете што ви треба?

Дури и пред кризата, луѓето не се снаоѓаа баш најлесно со своите избори за кариера. Еден од главните проблеми е тоа што луѓето имаат тенденција за недоволно разбирање на својот талент и потенцијал, па се одлучуваат за кариера која не е доволно добра за нивните интереси, способности и вештини. Тековното рестартирање може да претставува значајна можност да се реши овој проблем, сè додека можете да го искористите тоа што ви треба и да ги пополните празнините кога станува збор за вашата професионална експертиза.

Дали сте задоволни од вашата тековна позиција или кариера?

Направете проценка на кариерата. Дали сте задоволни од вашата кариера и дали ја сакате работаота со која се занимавате? Ако одговорот е не, размислете како најдобро да инвестирате во себе за да ја промените кариерата. Времето кое го имате на располагање искористете го за проценка на вашите нови кариерни алтернативи, разбирајќи ги вештините (меки и тврди) кои се потребни, знаењето и тренингот и вашето ребрендирање доколку е потребно. Вистината е дека никогаш не сме имале толку многу бесплатни ресурси на интернет за да се стекнеме со нови вештини, да се надградиме и да ја негуваме нашата љубопитност како што тоа го имаме сега.

Како ќе го измерите успехот?

Во вашата нова кариера или позиција, како ќе го измерите вашиот личен успех? Важен, но честопати заборавен аспект во поставување на целите е да разберете јасно што точно сакате да постигнете преку тие промени, за да можете да се насочите кон вистинските цели. Многу луѓе во моментов имаат повеќе време да размислуваат, да ги преиспитаат своите приоритети и да ги ресетираат основните на нивните кариери. Најважната работа е да барате подобрувања на вашата моментална состојба, а понекогаш тоа може да се постигне преку минимални измени на статус кво позицијата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...