вторник, март 24, 2026
Почетна ИнтервјуОД ФАКУЛТЕТ ДО ПРВО РАБОТНО ИСКУСТВО: КАКО SMART START ИМ ОТВОРА ВРАТИ НА МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ

ОД ФАКУЛТЕТ ДО ПРВО РАБОТНО ИСКУСТВО: КАКО SMART START ИМ ОТВОРА ВРАТИ НА МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ

by 24HR

По три успешни генерации, Smart Start на Македонски Телеком станува сè попопуларна програма меѓу студентите. Четвртиот циклус започна, со повеќе од 20 проекти за кои младите ќе можат да аплицираат.

Преминот од факултет во кариера често е најголемиот предизвик за младите. Теоријата е важна, но практичното искуство е она што понатаму не гради како професионалци.

Кога студентите добиваат можност уште за време на студиите да работат на конкретни проекти и да соработуваат со искусни професионалци, учењето добива сосема нова димензија. Токму на таа идеја се базира Smart Start, програмата на Македонски Телеком која им помага на младите да го направат својот прв чекор кон професионалната кариера.

По три успешни генерации и голем интерес од студентите, на 17 март започна четвртиот циклус на програмата, а оваа година студентите ќе можат да избираат меѓу повеќе од 20 проекти од различни технолошки и бизнис области.

За тоа како функционира програмата и што можат да очекуваат студентите, разговараме со Симона Василевска, Talent Acquisition Specialist, во Македонски Телеком.

__________________________________________________________________________

Smart Start веќе започнува со апликации за четврта генерација. Што ја прави програмата толку интересна за студентите?

Кога ја започнавме програмата, идејата беше многу едноставна – да создадеме простор каде што студентите ќе можат да работат на конкретни проекти и одблиску да видат како функционира една компанија која е двигател на дигитализацијата и развојот на нови технологии.

Со текот на времето, програмата почна да расте. Секоја година имаме сè повеќе апликации, а студентите се повеќе ја препознаваат како добра можност да стекнат искуство и да се вклучат во интересни проекти. Денес веќе сме пред четвртиот циклус, и можеме да кажеме дека Smart Start навистина стана препознатлива програма меѓу студентите.

Што ја прави Smart Start поинаква од класичната студентска пракса?

Една од најголемите разлики е начинот на аплицирање. Студентите аплицираат на огласи за конкретни проекти, речиси како за вистинско работно место.

Тоа значи дека секој кандидат избира проект што му е интересен и уште од самиот почеток работи со тимот на развивање на тој проект со конкретни задачи.

Другата важна разлика е што за многу студенти Smart Start е првиот чекор кон вработување. Голем дел од учесниците од претходните генерации продолжија да ја градат својата кариера во Телеком. Особено нè радува што многумина од нив денес се истакнуваат во своите тимови, постојано напредуваат и се развиваат како професионалци – што за нас е најдобрата потврда дека програмата навистина функционира.

На какви проекти ќе можат да работат студентите оваа година?

Оваа година имаме над 20 проекти, поточно точно 26 отворени огласи во различни области – од data analytics и machine learning, до IoT решенија, кибернетичка безбедност, развој на дигитални услуги и напредни мрежни технологии.

Некои од проектите се поврзани со AI модели, паметни градови, анализа на податоци, IoT или cyber security решенија за деловни клиенти. Тоа се области на кои активно работиме во Македонски Телеком и искрено, многу е убаво кога ќе видите дека студентите имаат можност да работат на вакви теми, затоа што токму тоа се технологиите што ја градат иднината на индустријата.

Идејата е секој студент да може да најде проект кој одговара на неговите интереси и насоката на студии.

Колку е важна поддршката од менторите?

Менторството е еден од најважните делови на програмата. Секој студент има ментор кој му помага да се се прилагоди во проектот, да ги разбере процесите и да се развива професионално.

Кога работите со искусни колеги, учењето оди многу побрзо. Тоа е нешто што студентите многу го ценат.

Како студентите можат да се пријават?

Аплицирањето е многу едноставно – студентите можат да се пријават преку линкот  и може да аплицираат за 3 проекти, подредени по приоритет.

Што би им порачале на студентите кои размислуваат да аплицираат?

Да бидат љубопитни и да се охрабрат да аплицираат. Не е важно да знаете сè однапред – важно е да имате желба да учите и да се развивате.

Smart Start е можност да работите на интересни проекти, да изградите значајни конекции и да направите паметен старт на вашата кариера.

Related Posts

Leave a Comment