За сите што размислуваат дали да присуствуваат: DisruptHR Skopje се враќа по четврти
пат на 29 април во 17:30 часот, во Хотел Мериот и ви останува уште малку време за одлука. Погласен, похрабар и поискрен од кога било.
И оваа година, настанот ќе ги обедини HR професионалците, бизнис лидерите и
претприемачите кои не се плашат да кажат „ова повеќе не функционира“ и, уште поважно,
да предложат што е следно во управувањето со најважниот капитал, луѓето.
Без корпоративни формалности, долги говори и теоретски предавања, DisruptHR 4.0
Skopje ја поставува сцената за нови перспективи, храбри разговори и практични совети за
посреќни вработени и поуспешни организации.
Форматот е веќе познат: кратки презентации од само 5 минути, во кои докажани
професионалци од областа на HR, бизнисот, благосостојбата, маркетингот и технологијата
ќе ги предизвикаат конвенционалните размислувања и практики.
Настанот се реализира со поддршка на компании кои активно придонесуваат кон
трансформација на начинот на кој работиме денес. Меѓу нив е People+, платформа која
им помага на компаниите да изградат подобро employee experience преку дигитализација
и поефикасно управување со HR процесите. MKJOB, како брзорастечка AI платформа за
вработување, веќе значајно го менува начинот на кој талентот се поврзува со компаниите,
правејќи го процесот побрз, попрецизен и пофер за кандидатите.
Во делот на пронаоѓање и развој на таленти, The Headhunter се издвојува како
регионален партнер на компании кои бараат врвен кадар, со силен фокус на квалитет,
пристап и долгорочна вредност. Паралелно, NLB Banka како една од водечките
финансиски институции, континуирано инвестира во модерни работни практики, развој на
вработените и организациска култура што одговара на новото време.
Дополнително, IW:Connect работи на имплементација на дигитални и технолошки
решенија кои им помагаат на компаниите да растат, да се адаптираат и да останат
конкурентни во брзо менувачка бизнис средина.
„Од самиот почеток целта ни е секој во публиката да си замине дома со барем една
конкретна идеја како ќе ги подобри работните места и организациската култура уште од
следниот ден. DisruptHR не е само уште еден корпоративен настан, туку платформа за
промена, иновација и прогрес и на HR професијата и на организациите во целост“ – велат
Викторија, Милка и Татјана од DisruptHR Skopje.
Оваа вечер е наменета за HR професионалци, менаџери, основачи, лидери на тимови и
за сите што чувствуваат дека статус-кво во начинот на кој работиме треба да се промени.
Местата за DisruptHR 4.0 Skopje се ограничени. Обезбеди го твоето место (или местата за
твојот тим) на www.disrupthr-mk.net/
И подготви се не само да слушнеш и научиш, туку да си поставиш едно прашање: што ќе промениш веднаш по DisruptHR?