Мине Алптекин за психолошките ефекти од Ковид-19

од 24HR

Кои се психолошките ефекти од епидемијата на Ковид-19, новиот вирус којшто го погоди целиот свет?

Сите ние имаме некое основно чувство за сигурност за кое тешко дека некогаш размислуваме, па дури и не ни го забележуваме. Иако знаеме дека некои опасности се околу нас, сметаме дека во суштина сме безбедни. Но, смртоносниот вирус кој одеднаш се појави и се прошири многу брзо во изминатиот период, нанесе сериозен удар на ова основно чувство за сигурност.

Мерките на претпазливост кои ги предизвика епидемијата на Ковид-19 се еден вид ограничувања за кои претходно не ни помислувавме дека ќе ни се случат во нашите животи. Оваа состојба направи да чувствуваме дека дури и најосновните и наједноставните елементи во нашиот секојдневен живот можат да бидат одземени. Тоа значи дека основното чувство за сигурност и нашето суштинско постоење се под закана.

Најважниот психолошки ефект од целиот процес е длабокото чувство на несигурност и вознемиреност. Дополнително, чувството на неизвесност исто така има голем удел. Состојбата која најмногу не загрижува психолошки е всушност неизвесноста. Тоа е состојба со која луѓето најтешко се носат.

Мислам дека можеме да бидеме искрени со себеси. Што е тоа што е суштински значајно за сите нас? Работите кои го сочинуваат нашиот живот произлегуваат од нашето секојдневие. Нашата секојдневна работа нè прави тоа што навистина сме; станува збор за работи кои ја овозможуваат нашата врска со животот. Во овој случај, најдобриот начин да се избориме со оваа животна опасност е да продолжиме со нашата секојдневна работа. Во исто време, продолжувањето со нашиот секојдневен бизнис ќе биде еден од најподдржувачките ставови што ќе ги имаме не само за себе, туку и за нашето општество.

Мислам дека не е правилно да се користат социјалните медиуми како извор за информации за време на оваа епидемија. За жал, таму има многу неосновани, па дури и лажни вести. Затоа, добивањето на информации од поверодостојни извори е исто така важно за да го заштитиме нашето ментално здравје. Во овој контекст, не е значајно да се следат вестите од минута во минута. Еднаш на неколку часа е доволно за да се види дали има некој нов развој на настаните.

Посакувам овие тешки денови што поскоро да останат позади нас и никогаш повторно да не ни се случи ваква катастрофа, но неочекуваните потешкотии, па дури и катастрофи, може секогаш да се вратат во нашите животи.

Општествените тешкотии можат да ги претворат заедниците во подобри средини доколку добро се изменаџираат истите, исто како и поединците кои имаат можност да соработуваат со поискусни поединци кои се посвесни, позрели и посилни.

Се надевам дека оваа глобална катастрофа ќе ги научи луѓето на оваа планета дека сите ние, без оглед на јазикот, религијата и расата, имаме заедничка судбина и дека е потребно да преземеме чекори кон поголема солидарност и мирна иднина.

 

За авторот:


Мине Алптекин е наш дописник од Истанбул, Турција со 20-годишно искуство во областа на човечките ресурси. Во моментов предава „Дигитални човечки ресурси“ на МЕФ и универзитетот Бахчешехир во Истанбул, а во исто време работи и како консултант за човечки ресурси. Мине смета дека човечките ресурси се неопходен сектор во секоја компанија. Особено во овој тежок период, улогата на човечките ресурси стана уште поважна. Поради ова, Мине ќе споделува предлози и идеи што ќе им помогнат на нашите читатели колку што е можно повеќе. Мине ќе пишува кратки статии со време за читање од 2 до 5 минути.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...