Статија на Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси на А1 Македонија – компанија на која и беше врачено признанието „Најдобра Employer Branding кампања за 2020-та година“.
Employer branding терминот е стар скоро триесетина години и анализите велат дека постои одлична и интересна релација помеѓу employer branding-от и успехот на компанијата. Најдобрите извори укажуваат дека организациите со силен брендинг имаат 28% намалување на флуктуацијата и 50% намалување на трошоците при вработување, а дури 86% од кандидатите изјавуваат дека не би сакале да работат за работодавач со лоша репутација.
Оваа статија ја пишувам за мојот тим, за сите колеги од А1 Македонија кои ме прават горд што сум дел од нивното работно секојдневие, а наградата за најдобра Employer Branding кампања за 2020-та година им ја посветувам токму нив! Ви благодарам – вели Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси на А1 Македонија на кој му беше врачено ова признание од страна на Vrabotuvanje.com.
Изминатиов период, во континуитет славиме признанија поврзани со Employer Branding на ниво на А1 Групацијата. Исто така неодамна, и А1 Телеком Австрија се закити со признание за најдобар Employer Branding за време на корона кризата, а нам ни претставува огромно задоволство што А1 Македонија како дел од групацијата набрзо потоа го потврди истото закитувајќи се со уште една значајна награда од истата област.
„Слободно запрашајте се… кои однесувања ги очекувате од вашите колеги, менаџери, лидери. Лојалноста, ангажираноста и автономноста на вработените се фокус на тоа какво влијание има брендот, не само атрактивноста на брендот сам по себе. Вработените во компаниите се нашите корисници – слободни во правење на сопствени избори! Наша задача е да направиме добар баланс помеѓу бројот на квалификувани кандидати и бројот на кандидати на кои нашиот бренд им е прв избор на работодавач” – ни објаснува накратко Стефан Јовановски.
Перцепцијата за одговорностите во полето на Employer Branding за жал кај многу компании е дека одделот за човечки ресурси има пасивна улога во целиот процес. Имено, вистината е дека регрутерите на компанијата и експертите за човечки ресурси се “the forerunners” во развивање на брендот на компанијата како работодавач.
А1 начинот на комуникација е посебен и има уникатен идентитет. Транспарентност во споделување на информации и резултати, врвно корисничко искуство, славање на заеднички успеси, креативна визуелизација на нашите трудови, се ова резултира во јасно пренесување на нашата порака.
Вашиот Employer Branding треба да биде природна екстензија на компанискиот бренд. Ако се одлучите да не го користите, голема е веројатноста да и самите вработени не ја чувствуваат компанијата како посакуван работодавач. Запамтете, никогаш не е доцна да станете Employer of Choice… by CHOICE 🙂
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.