Позитивна вест и потег за поздравување, а и вистинско освежување на ИТ сцената во Македонија, ни доаѓа од N47.
Имено, швајцарската ИТ компанија N47, со седиште и центар во Цирих, после осум успешни години на швајцарскиот, германскиот пазар и нашиот македонски пазар, 2021 година во септември ја отвори својата нова канцеларија во срцето на градот Скопје, Македонија.
Локацијата е блиску до центарот на Скопје и е со површина од над 800 квадратни метрии. Станува збор за импозантен објект на пет нивоа, кој плени со прекрасните ентериерни решенија, топлото чувство на свое и домашно, слобода, позитивната енергија, но воодушевува и со исполнување на извонредните специфични побарувања на определени сензитивни клиенти и проекти.
N47 како ИТ компанија која работи во сегментот на унапредување на дигиталните решенија на ИТ тековите на голем број компании кои ги има во своето портфолио, со нов чекор напред и со идеја да обезбеди квалитетно просторно решение за своите вработени. Магично место каде се спојуваат визијата, креативноста, мотивацијата, духот и позитивната енергија на секој член на прекрасниот тим на N47.
Судејќи по лицата на креативците од N47, финалниот продукт и реализацијата воодушеви.
Видео најавување новите канцеларии: https://www.instagram.com/p/CQi9JQqiiTa/
N47 постои благодарение на неверојатен тим и иновативна технологија каде што главен домен е софтверското инженерство. Неверојатниот тим брои над 200 вработени, од кои голем број се ИТ инжинери и професионалци со многу години искуство. Значајно е да се напомене дека компанијата бележи експанзија и овој број е во постојан пораст.
N47 ги поврзува своите проекти и клиенти со цел остварување на нивните планови и идеи, за унапредување, зголемено ниво на продажба и раст, заедничко созревање и исчекор кон иднината. Но, N47 претставува и место каде се создаваат нови технологии, проекти и платформи кои се од огромно значење за индустриите и секторите со кои соработуваат и каде истите ги интегрираат.
Видео од настанот за новите канцеларии: https://www.instagram.com/p/CUHniLMosBm/
N47 цели кон користење на најнови технологии во секоја област, на своите вработени им обезбедува модерна и пријатна работна средина, создадена со цел да поттикне креативност, заеднички напредок, мотивираност, топлина и сигурност. А затоа и новите канцеларии и деловен простор се направени и осмислени со истата идеја и ентузијазм. Покрај пријатната работна средина, секој во N47 има индивидуален план за развој и надоградување врз база на индивидуално поставени цели. Нивната филозифија е да се биде подобар секој ден.
Новите канцеларии се рефлексија на богатото наследство и традиција на трите земји каде работи и делува компанијата, но исто така со голем удел и на нашето домашно богато културно наследство и историја. Спојот на модерната архитектура со локалната традиција, заедно со мешавината на топли и весели бои со кои е исполнет просторот, прави навистина вистинска магија.
Задоволството и еуфоријата од преубавиот настан на отворање на новиот објект, дел од колегите во тимот на Н47 ја споделија и со нас.
Генералниот директор, Даниел Гвозденац вели: „Сите сме многу возбудени поради нашиот успех и отворање на новата канцеларија на N47 во Скопје и Македонија. За ова сакам особено да му се заблагодарам на целиот тим, на нашиот менаџер Васко Миновски, кој својата визија, дух и креативност ја внесе тука и посебно во овај простор и објект. Острината, интуитивност, прагматичност и цртите на лојален екстра искусен професионалец, како нивни карактерни особини, комплетно ги отсликаа тука. Навистина ми е чест што го имам со нас во нашиот менаџмент и тим. Прекрасниот тим во Македонија заслужува кул работна средина. А среќниот тим е клучот за нас. Имаме голем број на постоечки клиенти и широко портфолио, во Швајцарија и Германија, нивните потреби ќе бидат подобро опслужени од нас, но и ке имаат можност секогаш и да не посетат, да ја почуствуваат нашата енергија од близу, буквално тука и во овој наш грандиозен објект во Скопје. “
Менаџерот на македонскиот дел од компанијата, Васко Миновски вели: „Преубавите соништа, започнуваат најпрво со сонувачи, кои ги сонуваат. Прекрасните соништа се нешто кое сите посакуваме, но истите не се возможни, ако нема сонувачи, кои ке ги сонуваат истите”. А оние кои сонуваат, се оние кои нивната фантазија и визија во соништата, се трудат да ја преточат во реалност, да ја стават на хартија, да ја отсликаат, да ја димензионираат, да ја преточат во код, во тврда материја, во нешто вистински и реално.
А тука, во N47, имате комбинација од сонувачи, креативци, визионери, зачинети со голема решителност, упорност, енергија и ентузијазам, со што во спој и заедничко мешање се добива Uber potion, односно таа искра, која носи и креира промени, а секако и креира епски дела. Ние го имаме тука тој тим, тој спој, требаше само мал потик, мотив да се сето тоа заедно придвижи, за да се добие оно што го имаме и го добивме сега. Но сепак, колку и да е големо и грандиозно секое дело, а и ова исто така, без овие мои мили херои, колеги, со кои минуваме најголем дел од денот, месецот и годината, нашиот работен век, сето ова ке беше невозможно.
Новиот работен простор на N47 е внимателно креиран и дизајниран, за буквално да е мотивирачки, топол, рационално искористен, пријателски поставен, отворен и широк, за поголема и подобра комуникација, модерен и технички максимално поткован да ги задоволи и највисоките побарувања, а толку едноставен од друга страна, каде секој би се чуствувал дека е ова негов дом, негово место.
Посакувам на тимот N47 уште поголеми чекори напред, успеси и победи,зошто сето тоа за нив е буквално до крајност заслужено.”
„На вашето дигитално патување, ние безбедно ве движиме до вашата дестинација. Им помагаме на нашите клиенти да ги искористат предностите на дигиталниот свет за себе и за нивниот успех. Како агилна компанија за софтвер и таленти со страст за нови технологии, сакаме да ги реализираме дигиталните визии. Вие ја знаете целта, ние го знаеме патот. – рече Росана Стаменкова, Бренд Менаџер во N47
N47 тимот е во огромна експанзија и вработува голем број на квалификувани кадри. Има отворено повеќе работни позиции , па доколку посакувате да станете дел од овој тим, може слободно да погледнете и да аплицирате.
Повеќе за N47 дознајте на нивната веб страна.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.