среда, јануари 28, 2026
Почетна НовостиЗлатен медал за македонскиот карате тим на Универзијадата во Полска

Златен медал за македонскиот карате тим на Универзијадата во Полска

by 24HR

Машката екипа на македонската универзитетска карате репрезентација освои злато во борби на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска. Карате-тимот составен од Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски во финалето ја совлада Украина со резултат од 3-1.

На истиот реномиран шампионат, во индивидуална конкуренција со златно признание се закити и Давид Петков, додека Ангела Мојсовска освои бронза.   – Постигнавме голем резултат, за првпат на една европска универзијада македонските каратисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал. Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал, секако, е најтежок за освојување и затоа сите сме многу среќни. Успехот е поголем бидејќи Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија -67 кг. да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг нè направија многу горди. Вкупниот биланс од оваа универзијада се две златни медали и еден бронзен медал – изјави Бошко Заборски, селектор на универзитетската репрезентација на Македонија

Related Posts

Leave a Comment