Бидете новото засилување на тимот за продажба во Slice!
Со големо задоволство Slice го најавува отворениот ден за кариера во продажба. Доколку сте подготвени за нови кариерни предизвици ве очекуваме на 6ти октомври во нашите канцеларии во Скопје со почеток од 14:00 часот.
На самиот настан ќе имате шанса да ги запознаете нашите сениор менаџери за продажба, да научите неколку одлични совети и трикови од нив, да уживате во забава со пица и можност да бидете ангажирани на лице место.
Ги покануваме сите ентузијасти во продажба да ја ажурираат својата биографија и да ни ги покажат нивните продажни вештини на лице место. Со брзи интервјуа ќе започне потрагата по нови засилувања на тимот за продажба. Бидете тие кои ќе ги надминат лимитите во продажба на една од најмодерните апликации за нарачување пица низ светот.
Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во New York, Belfast, Debar, Ohrid и Скопје. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Америка да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.
Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар истовремено остварувајќи директни соработки со над 17.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.