А1 Македонија доби награди во повеќе категории

од 24HR


Во голема конкуренција, А1 Македонија се закити со неколку награди и признанија.

Вчера во просториите на Министерството за економија се одржа доделување на национална награда за 2021 година за најдобри општествено-одговорни практики на македонските претпријатија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Во голема конкуренција, А1 Македонија се закити со неколку награди и признанија.

Во категоријата Етичко управување, А1 Македонија е добитник на наградата за проектот “The new normal”, како и на признанијата за проектот “Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!

Во категоријата Вложување во заедницата, за проектот “A1 Future Hub“, во категоријата Однос кон вработените како и на признанието за проектот “The new normal” за најуспешна практика во справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.

24HR упатува честитки до А1 Македонија за сите иницијативи и доделени признанија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...