Ако работата не е забавна, играте во погрешен тим – Френк Соненберг

од 24HR

Вработените се многу продуктивни кога работат, различни работни задачи и ако се забавуваат додека работат. Истото го комуницираат на интервјуата за работа како причина за заминување од претходната компанија, ништо не се случува, ми станува досадно ми треба промена.

Придобивките од позитивна работна средина се ангажираност, благосостојба и продуктивност и ни се добро познати, но и покрај тоа, сè уште ни е малку непријатен концептот да се забавуваме на работа. Вообичаено е мислењето дека забавата е нешто што се случува надвор од работното време и потенцијално може да ја намали нашата концентрација, прецизност и да одземе време од нашите секојдневни работни задачи. Како резултат на тоа, работодавачите често се обидуваат да ја намалат забавата или да ја ограничат на начин што резултира со тоа што забавата воопшто и не постои.

Но, забавата на работа е многу важна а еве и зошто. Каде што луѓето не се забавуваат, не произведуваат доволно квалитетна работа и истото го рефлектираат и на клиентите. Забавата на работа е клучен елемент за среќата на вработените, чувството за забава им помага на луѓето да имаат попозитивен ментален склоп, да уживаат на повисоко ниво на благосостојба и да имаат подобро ментално здравје.

Организациите со повисоко ниво на забава од вработените добиваат пониски нивоа на отсуства од работа и помалку грешки поврзани со работата. Истражувањата покажаа дека среќните луѓе имаат тенденција да бидат поздрави, поинспирирани, продуктивни и позадоволни во својата компанија која со задоволство ја препорачуваат на своите пријатели и ги охрабруваат да им се придружат.

Енергетскиот ефект на хуморот покажува дека луѓето кои биле изложени на хумор биле поупорни и поспособни да ги завршат задачите.

Како да поттикнете позитивни интеракции и да изградите доверба во вашата организација?

 Направете простор за забава, луѓето мора да бидат расположени, што е тешко да се направи ако се чувствуваат под стрес, вознемирени и исцрпени од работа, создајте можности за дружење надвор од работата. Важно е овие настани да се со опционален карактер за да се чувствува притисок за присуство.

Соработката е од суштинско значење за продуктивноста и перформансите на компанијата. Забавата е одличен начин да се постигне подобра соработка и комуникација во една организација. Полесно и попријатно е да се соработува со луѓе со кои сте пријателски расположени во споредба со работата со луѓе кои ги сметате само за колеги. Позитивните интеракции и уживањето во времето со колегите на социјален начин помага да се изгради доверба и поттикнува отворена комуникација. Заедничката забава е одличен начин луѓето да научат повеќе еден за друг, да ја подобрат комуникацијата едни со други, што ќе овозможи подобро да работат заедно и поефективно да комуницираат.

Заедничкото уживање во забавата помага да се изгради чувство на припадност и да се намалат чувствата на изолација, што е особено важно сега поради пандемските ограничувања и работата од дома.

За авторот:

Лилјана Бојковска е ИТ регрутер и Магистер за управување со човечки ресурси на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје. Во својата кариера била дел од компании со динамични HR системи, а во моментов работи како Human Resources Manager во FlexCredit North Македонија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...