Колумна на Ана Салтирова Давидовски е социјален работник кој има магистрирано на менаџмент на човечки ресурси, со 15+ години искуство во развој на човечки ресурси, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој.
Гејмификацијата, чист литературен македонски збор, е уште една „нова модерна“ техника која се состои од примена на игри како метод за учење со цел да се добијат подобри резултати. Како да е ова нешто ново, децата го прават отсекогаш, но за среќа на нас големите ни дава дозвола да се забавуваме повеќе.
Дали вашите вработени се отворени за игра, има ли простор во вашата компанија да ја искористите оваа техника за искажување на благодарност т.е. да почнете натпревар за собирање на #Благодарам-картички.
Со вклучување на #Благодарам-картички даваме акцент на посакуваното однесување и на она што сакаме да го гледаме/живееме повеќе. Иако е ова тренд во странските компании и го наоѓаме под терминот Kudos, некако не многу компании од нашето поднебје се одлучуваат да го вклучат во својата практика. Навистина верувам дека сите најдобро си ја познаваат организациската култура и дали истото ќе биде препознато како нешто вредно во компанијата но морам да споделам дека бенефитите се големи и вредат за вложениот труд.
Како општествена вредност #Благодарноста носи некои научно докажани придобивки. Пред да ја поканиме да ја посети нашата компанија да провериме дали научно докажаните квалитети се висока вредност за нашата компанија. Во продолжение се некои од придобивките кои ги уживаат благодарните луѓе:
- посреќни се
- поздрави се
- имаат поздрави срца
- вежбаат повеќе
- имаат подобар сон
- оптимистични се
- полесно ги надминуваат препреките т.е. развиваат резилиентност
- великодушни се со своето време и пари
- полесно простуваат и градат добри релации со луѓето околу нив
- ја поттикнуваат самодовербата кај другите и инспирираат да се продолжи со благодарниот став
- благодарноста е едно од делотворните решенија за справување со чувство на исклученост, осаменост, несигурност и неисполнетост
- благодарноста е двонасочна и давателот и примателот ги уживаат придобивките од истата.
А сѐ што е потребни за ова да заживее во вашата компанија се #Благодарам-картички. Верувам дека во работен контекст ќе си изработите ваши корпоративни #Благодарам-картички кои може да бидат:
- во hard copy или on-line
- може да креирате виртуелна или да поставите табла на која што ќе се закачуваат овие #Благодарам-картичките (модификација на таблата може да биде и дрво на кое ќе се закачуваат #Благодарам-картичките во форма на зелени ливчиња)
- свое место искажаните благодарности на #Благодарам-картичките може да си најдат и во компанискиот весник/newsletter
- може да се организираат и пријателски натпревари/предизвици (challenge) помеѓу сектори/тимови каде што ќе се собиваат поени од дадени/примени пофалби
- за сите оние кои имаат добиено најмногу #Благодарам-картички може да се дадат подароци кои што може да се дефинираат по предлог од вработените (бонус – ќе научите што им е важно и што вреднуваат вашите вработени)
- размислете за воведување и на благодарам ден на месечно/квартално/годишно ниво, секако одлично време да се почне таа практика е на Меѓународниот ден на Благодарноста 21 септември
- верувам дека од листата и на вам ви дојдоа многу идеи со кои и вие ќе инспирирате други компании да ја вклучат оваа практика во своите компании.
Секако ве повикувам и да го прочитате мојот текст на оваа тема објавен на овој портал на тема #Благодарноста во деловниот свет, достапен на следниот линк: https://24hr.mk/blagodarnosta-vo-delovniot-svet/.
За крај немојте да ја испуштите можноста да им бидете и поддршка на вашите вработените во поминување на квалитетно време во семејството и да промовирате work-life баланс, со тоа што ќе ја споделите оваа техника на Гејмификација со #Благодарам-картички, а деталите за истото може да се најдат на следниот линк: https://linktr.ee/licenizbor.
За авторот:
Ана Салтирова Давидовски е социјален работник кој има магистрирано на менаџмент на човечки ресурси, со 15+ години искуство во развој на човечки ресурси, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој, Автор, исто така ја покрена и кампањата @ЛиченИЗБОР која што има за цел свесна промена на фокусот на мислата за враќање на доброто расположение повторно во мода во која креира материјали за личен развој како и материјали за родители/деца. Таа е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, една од иницијаторите за формирање на огранокот за коучинг при Македонската асоцијација за човечки ресурси и активна е на повеќе проекти за развој на човечките ресурси во Македонија и промоција на професијата. LinkedIN https://www.linkedin.com/in/ana-saltirova-davidovski/ Instagram @ana.saltirova.davidovski Facebook @licenizbor Слободни материјали: https://linktr.ee/licenizbor
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.