ЧОВЕЧНОСТ,ИНОВАТИВНОСТ И ОДГОВОРНОСТ-СИЛНО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВРЕДНОСТИ НА КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА ВО М КЕШ

од 24HR

Бјанка Катру – Раководител на оддел за човечки ресурси во Финансиското друштво М КЕШ.

Oрганизациската култура или корпоративна култура претставува систем на основни вредности, уверувања и норми  кои ги определува организациското однесување, истовремено насочувајќи ги сите активности на поединците и групите кои ја сочинуваат самата организација.

 Со силната кохезивна култура не само што го движиме бизнисот, растеме и се развиваме туку во силна и кохезивна култура, клучните организациски вредности се широко распространети и прифатени од вработените. Овој висок интензитет на заеднички верувања, прави релативно лесно: да се постигне консензус помеѓу вработените, да се создаде фокус кон целите, да се намалат потенцијалните конфликти, да се култивира средина на учење и да се намали флуктуацијата на вработените.

Корпоративната култура е поставена од раководството и од тоа како се однесуваат нејзините лидери, што велат тие и што е она што тие го вреднуваат, но се оживотворува преку однесувањата на вработените и порамнетоста на нивните со суштинските вредности на организацијата.

Целта е да се постигне емпатија на вработените со компанијата, значи да се соживуваме со мисијата, визијата и целите на компанијата и сите да се движиме по една насока кон успехот.

 Нашата групација од која потекнуваме MFG (Management Financial Group) и нашата компанија М Кеш  ги следи светските трендови па од таму веќе одреден период работиме на проект Организациска култура каде  анкетирајќи ги нашите вработени ширум светот и преку соодветни истражувања, ги формиравме наште три унифициреани вредности:

• Човечност – работиме отворено во средина на доверба, признание и блискост;

• Иновативност – водени сме од младешка енергија и детска љубопитност кои не прават слободни, експериментираме, предизвикувајќи се себеси и статусот на комфор зона

• Одговорност – кон луѓето и кон заедниците и општествата во кои живееме и во кои влијаеме.

Нашите вредности се унифицирани за сите компании кои се дел од Management Financial Group.

Преку изразена креативност, со многу труд неуморно работиме на имплементација на вредностите во компанијата.

Тие не се само синоними кои ќе ги најдете на парче хартија или пак на брендингот на нашите локации, туку се дел од секојдневието на нашите вработени, се однесуваме човечно и во компанијата и надвор од неа, иновативноста ни е силна страна а одоговорноста ни е на прво место како со вработените така и со надворешниот свет. Токму затоа сме препознатливи и од страна на клиентите кои преку нашата услуга, грижа и одговороност ги препознаваат нашите вредности.

Правилно изградена организациска култура непосредно создава и   маркетиншки ефект на имиџот на компанијата и на нејзината професионалност како и оригиналност во однос на конкуренцијата. М Кеш се стреми преку овие вредности да негува и поттикнува заедничка професионална мотивација на компанијата или тимот кон заедничка просперитетна цел а тоа е – не само да го зачуваме стекнатото туку перманентно да стекнуваме.

За авторот:

Бјанка Катру -Раководител на оддел за човечки ресурси во Финансиското друштво М КЕШ. Во 2007 година се стекнува со титула Дипломиран политиколог и специјалист по човекови права на Универзитетот Американ Колеџ, а во 2009 станува Магистер за Менаџмент на човечки ресурси. Се води по мудрата мисла дека знаењето е моќ, но однесувањето создава почит.

0 коментар
3

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...