Телеперформанс се приклучи кон глобалната иницијатива за чистење на планетата Земја со еко акција на кејот на Вардар.
Меѓународната компанија со свое преставништво во Скопје, Телеперформанс, се приклучи кон Глобалната акција, по повод „Светскиот ден на чистотата“ со еколошка акција на кејот реката Вардар.
Во акцијата, во која активно учествуваа вработените на Телеперформанс, се собираше отпадот на местaтa каде голем број жители на главниот град го користат за рекреација и спортување.
„Ние како компанија сме насочени постојано да влијаеме на покренување на свеста за грижата за животната средина, што е составен дел од нашата глобална стратегија. Колку повеќе се грижиме за планетата Земја, толку повеќе таа ќе се грижи за нас“, вели Надица Ставрова, HR Бизнис Партнер во Телеперформанс.
Инаку, фактот што голем дел од вработените активно спортуваат на кејот на Вардар е една од причините зошто компанијата одлучи еко акцијата да биде токму во овој дел од градот.
Од компанијата велат дека слични активности планираат и во иднина, што е мотив и за останатите општествено одговорни компании да се вклучат на ист начин.
За Телеперформанс
Телеперформанс е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредни можности за кариера. Компанијата брои повеќе од 320.000 колеги во 80 земји ширум светот со над 40 години традиција. Телеперформанс котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифицирана како Great Place to Work®. Повеќе за Телеперформанс може да дознаете на веб страната www.teleperformance.com.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.