Дали породилното остуство ќе има влијание на вашата кариера?

од 24HR

Многу жени се прашуваат кога се бремени за тоа како ќе влијае бременоста на ниваната кариера.И сосема е нормално да се размислува за ова.

Постои страв кај многу мајки за тоа дали бременоста и породилното отсуство ќе ја запрат или ќе ја успорат кариерата.

Доказите и анализите докажуваат дека станувањето мајка влијае на кариерата на жената,но тоа не докажува дека многу жени мајки успеале во зацртаните кариерни патеки.

Истражувањата покажуваат дека жените се со поголема веројатност да имаат флексибилно работно време откако ќе станат родители, и покрај тоа што претходно имале поголема плата.

Исто така доколку жената одбере да работи пола работно време, тоа може да влијае на унапредување на работното место.Земајќи го во предвид периодот од 9 месеци или 1 година за породилното отсуство,не сите компании имаат разбирање дека на жената и треба време да се врати во полна работна атмосфера после породилното отуство.

Треба да си ги поставите вашите приоритети за тоа што сакате од вашата кариера и семеен живот.

  • Направете си цели за вашата идинина
  • иако не секогаш излегува по планот ,размислете што сакате од вашата кариера каде се гледате
  • кој чекори треба да ги направите да ги постигнете вашите цели.

Можеби навистина ќе откриете дека раѓањето на бебе ја менува вашата перспектива за кариерата тоа е сосема во ред , бидејќи вашето малечко е најголемото богатство. Но можеби ќе се вратите на работа со брзање ,можеби ќе тргнете порано на работа од она што ви следува како породилно отсуство.

Многу мајки се наоѓаат во истата ситуација ,повеќето мајки се прашуваат дали платата им е толку важна и не сакаат да го остават своето малечко.Тоа е сосема во ред ,тоа е природно чувство.Но можеби ќе сакате да се вратите на работа затоа што ви недостига смисла за хумор на вашите колеги. Можеби вашето ментално здравје е подобро кога одите на работота и ќе работите на остварување на вашата цел што сте ја зацртале напоредно со вашите обврски кои ве чекаат дома.

Доколку си поставите цели ,и ја балансирата вашата работа со вашиот семеен живот ќе успеете брзо да се адаптирате на вашето работно место.Но внимавајте овој пат со многу повеќе искуство бидејќи минатите 9 месеци или 1 година,сте го имале најдоброто искуство!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...