Технологијата се наметна во нашите животи без разлика дали тоа ни се допаѓа или не. Присутна е во секој аспект од нашите животи па дури и читаме дека најновиот знак на почит е оставање на телефонот на страна додека сме со некого. Ако ова е вистина, а станува уште полошо со генерацијата Z, тогаш навистина треба да размислиме на оваа тема.
Од друга страна многу луѓе (вклучувајќи ме и мене) работат во ИТ индустријата, и навиваат/навиваме да се развива технологијата уште повеќе за да имаат/имаме работа. 😊
Но технологијата, почнува да го убива разговорот лице во лице и хемијата помеѓу луѓето, бизнис партнерите, пријателите па дури и љубовните партнери. Колку често завршуваш разговарајќи на Viber со твоите пријатели наместо да излезете на кафе? Или пишуваш е-Мејл наместо да организираш бизнис вечера? Или се јавуваш на твојот/а сакан/а на Facebook наместо да излезете на состанок?
Ковид-19 не го направи сето ова полесно, напротив работите станаа уште полоши. Луѓето се навикнаа да работат од дома, да зборуваат со мониторот, да седат сами во удобноста на својот дом наместо со колеги, со што сѐ повеќе се намалуваше магијата на длабоки разговори лице в лице. Средбите онлајн на Teams ги заменија традиционалните тим билдинг активности, бизнис вечерите се претворија во состаноци на Zoom, а состаноците со саканите се претворија во повици на Facebook. Како да се справиме со оваа нова ера? Дали технологијата навистина го убива разговорот лице в лице или само го заменува начинот на кој сме навикнати да комуницираме? Наречете ме старомодна но јас навистина верувам дека очите никогаш не лажат и преферирам комуникација во живо. Но тоа не значи дека не ги поддржувам сите нови начини на комуникација, кои навистина ни помогнаа да ја надминеме пандемијата полесно. Впрочем во 2020 организирав повеќе од 20 компаниски настани онлајн (вклучувајќи Happy hours, виртуелна новогодишна забава, Secret Santa итн.) околу 30 вебинари и други онлајн случувања во ⋮IWConnect.
Да сумирам, на крај се сѐ сведува на рамнотежа, иако мора да ги прифатиме новите начини на комуникација да не ја потценуваме моќта на длабоки разговори лице в лице, затоа што многу нови идеи, љубови и пријателства започнале со едноставен разговор лице в лице. Еден едноставен начин за да балансираме е поставување лимит на нашето дневно седење на телефон, или па примена на правило 3/1, на секои три состаноци онлајн да организираме еден во живо. Кога станува збор за пријателите или партнерот еднаш неделно задолжителна средба во живо во одреден ден без телефони може да е супер начин да се одржува баланс.
За крај размислете кога беше последниот пат кога си имал/а моќен разговор лице в лице со некого комплетно игнорирајќи го твојот телефон? Или уште подобро кога последен пат беше комплетно присутен/присутна на состанокот без да го проверуваш телефонот постојано? Кога последно си се фокусирал/а на разговорот на твоите деца 100% и си го оставил/а телефонот во другата соба? Дали се претвораме во луѓе кои се повеќе присутни во светот на технологијата наместо во реалниот?
За авторот:
Рената Павловска-Специјалист за employer branding и event маркетинг во ⋮IWConnect. Во текот на својата 8 годишна кариера има работено во сите сфери на маркетинг и има искуство во повеќе области на работење како content marketing, PR, employer branding, event marketing и B2B marketing. Работењето во маркетинг токму во ИТ секторот и помага да ја изразува својата креативност секој ден.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.