Колумна на Анастасија Божинова- Human Resources Specialist во Фибернет М-К
Дали е лошо да се менуваат работните места премногу често? Колку често треба да ја менувате работата?
Промената е нормален дел од животот, но доколку работите во HR, која би била вашата прва реакција на личност која никогаш никаде не престојува повеќе од една година?
Премногу често менување на работата може да и наштети на вашата кариера, но тоа не значи дека треба да останете засекогаш.
Промената на работните места на вистински начин и во вистинско време ќе ви помогне да изградите кариера од која навистина ќе бидете задоволни.
Регрутерите би можеле да бидат помалку заинтересирани за некој кандидат кој што менувал повеќе работни места отколку некој со стабилно искуство. Од прв впечаток ако кандидатот се вработил и си заминал после 4 месеци, првата мисла е дека добил отказ или си заминал. Ако кандидатот го прави тоа повеќе пати, тоа значи црвено знаме за потенцијалните работодавци. Така, потенцијалниот работодавец ќе мисли дека вработувањето на кандидат од таков профил би било губење време и ресурси затоа што тој би го направил тоа повторно односно би го напуштил работното место многу брзо.
Од друга страна во денешно време честото менување на работните места не само што повеќе не се гледа на негативен начин, туку може да има голема корист и за вашата кариера. Ако со менувањето на работните места значи дека се грижите за вашето ментално здравје и уживате во подобра рамнотежа помеѓу работата и животот, тогаш никој не треба да ви застане на патот.
Луѓе бараат подобра прилика за кариера, професионален раст или нови предизвици за работа. Различнaта работна биографија може да сугерира дека кандидатот е заинтересиран да ги развие своите таленти, да прифати различни одговорности и да излезе од својата комфорна зона. Тоа може да биде токму она што го бара работодавецот.
Луѓето не ја менуваат работата само затоа што не се задоволни од моменталната работа што ја работат. За некои луѓе, промената на работните места може да биде шанса за подобрување на безбедноста на работното место или за други, целта е во одржување на добра рамнотежа помеѓу работата и животот.
Колку почесто и побестрашно излегувате од таа комфорна зона, толку повеќе ќе се шири вашата зона на удобност. Ако постојано не ја зголемувате вашата комфорна зона, нема да ги видите сопствените можности.
Честото менување на работните места ќе ви олесни да сфатите дека нема ограничувања за вас. Има моменти кога менувањето на работните места може да биде корисно, на пример, тоа е добар начин да го зајакнете вашето професионално искуство и да постигнете постепено зголемување на платите.
Моите родители од нивното прво вработување работат во иста компанија околу 35 години и ќе одат во пензија. Тоа навистина не се случува во денешниот свет.
Значи, што мислите дека е подобро денес за вашата професионална кариера?
За авторот:
Анастасија Божинова -Human Resources Specialist во Фибернет М-К.Постојат различни фактори кои ме прават среќна на работа, но мислам дека најмногу ми е важно да бидам во вистинската работна средина. Навистина ценам да бидам во простор за соработка, да работам заедно со соработници кои ги делат истите вредности како мене. Имањето ваков вид усогласување обично ми помага да останам ангажирана во мојата работа и да инвестирам во напредокот што го постигнуваме како тим. Таквиот тим јас го пронајдов во ФИБЕРНЕТ М-К. Да се биде дел од неверојатен тим на луѓе кои ти даваат поддршка, соработуваат и инспирираат од првиот ден е нешто што секој би посакал. Ова е само почеток, показател што се можеме да постигнеме со ФИБЕРНЕТ М-К.
Се надевам на уште многу успешни години заедно!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.