Денот на жената за прв пат бил одбележан во Соединетите држави во 1909 година, а во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија почнал да се слави дури во 1911 година. Потребни биле 64 години за во 1975 година официјално да биде признаен од Обединетите нации.
Идејата за овој Меѓународен ден на жената ја предложила жената со име Клара Цеткин-германски марксистички теоретичар,активист и борец за правата на жената.
Цеткин ја предложила нејзината идејата на конференцијата која се одржала во Копенхаген,нејзиниот предлог било секоја година да се слави денот на жената.Нејзиниот предлог бил едногласно усвоен од повеќе од 100 жени работнички од различни земји.
Меѓународниот ден на жената (8 март) е глобален ден на одбележување на историските, културните и политичките достигнувања на жените.Главните цели на Меѓународниот ден на жената се славење на достигнувањата,подигнување на свеста за еднаквост на жените .Денот, исто се одбележува како поддршка за преземање акција против родовата нееднаквост ширум светот.
Големите и малите организации се здружуваат за да им покажат на жените колку се вредни во денешното општество.
Интересен податок е дека официјалните бои поврзани со Меѓународниот ден на жената се виолетовата, што претставува правда и достоинство, зелената која ја претставува надежта, и белата како симбол на чистотата.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.