Добрата атмосфера во компаниите, според мене е платформа за креирање бизнис и добар имиџ на една компанија

од 24HR

Прочитајте ја приказната за љубовта кон човечките ресурси со Марија Мандарова од БДО Македонија

Марија Мандарова е дипломиран правник.Почетник во областа на човечки ресурси.Можноста да направи луѓето со различни карактери да се фокусираат на остварување на заедничка цел е она кое ја води да навлезе што подлабоко во областа на човечките ресурси.

Што ве натера да се вљубите во HR како професија?

Постојаната комуникација и интеракција со луѓето и можноста да им го направам денот подобар. Токму таа можност,  практично ме предизвика  длабоко да навлезам во сферата на човечките ресурси, кои сметам дека се основен фундамент на бизнисот и двигател на општествените процеси. Искреност и почит се доблестите  кои секогаш ми се основен пристап, без разлика дали станува збор за секојдневното функционирање или професионален ангажман. Секогаш се  трудам да создадам позитивна култура на работното место кое резултира со поголема мотивација, продуктивност и креативност. Сите знаеме дека вработените во една компанија се основната алка и темелот за успешно функционирање на колективот. Доколку успеете да изградите однос со нив што ќе влијае на нивната продуктивност и мотивираност, тогаш сте ги постигнале главните цели. Добрата атмосфера во компаниите, според мене е платформа за креирање бизнис и добар имиџ на една компанија и сите ние треба да дадеме свој придонес за меѓусебно почитување. Само така можеме да бидеме успешен тим и да се движиме напред.

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

 Речиси 10 години бев во FMCG,од кои 8 години работев во една компанија во која мојот ангажман беше управување со работни процеси и човечки ресурси.Бев дел од тимот кој ја координираше продажбата.Започнав со работа во 2010 година и тоа беше период, кога  на управувањето со човечки ресури не се посветуваше особено внимание, како во денешно време.  Работев во една динамична средина во која имав постојана комуникација со многу луѓе со различни карактери и различен пристап кон работните обврски. Кога одлучив да сменам кариерна патека, започнав во секторот за човечки ресурси во една државна институција и таму ми беше првото официјално запознавање во оваа област.

Кое е вашето најголемо достигнување во областа на човечките ресурси?

Официјално завршив Академија за управување со човечки ресурси при Семос образовниот центар и како официјален почетник во сферата на ЧР, слободно можам да кажам дека компанијата во која работам моментално ми даде огромна поддршка и доверба во работните процеси.Тука научив многу работи и се сретнав со најразлични предизвици на кои со задоволство одговарам. Морам да признам дека регрутација и селекција се мое омилено поле. Ми значи и што луѓето од моето опкружување, без разлика дали се работи за луѓе од моето професионално или приватно опкружување, ме консултираат за најразлични прашања од оваа област.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во HR?

Пред се, треба да ги сакате луѓето и да знаете како да комуницирате со нив. Сметам дека е потребно да го запознаете секој вработен во компанијата,  да развивате тимски дух, пријателска атмосфера,  да имате  постојана интеракција, емпатија… Треба да создадете атмосфера дека вие сте секогаш на располагање, затоа што вработените во компанијата се клучните пред кои треба да ја стекнете довербата. Тоа впрочем е двонасочен процес. Доколку ви веруваат,  тогаш сте  ја одбрале вистинската професија.

Што мислите за порталот 24ХР

Ве следам уште од самите почетоци. Нудите одлични теми за читање, кои воедно се и вовед  во сферата на човечки ресурси. Сметам дека на Македонија и тоа како и е потребен  ваков  медиум,  кој темелно ги третира и обработува секојдневните предизвици со кои се соочува нашата фела. Содржините што ги пласирате на одреден начин претставуваат вмрежување и размена на искуства за предизвиците со кои се соочуваме при секојдневните обврски. Секогаш сте актуелни и читани ,продолжете во таа насока.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...