SMART START – ПОВТОРНО ЗАПОЧНУВА НАЈДОБРАТА СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

од 24HR

SMART START Е ПРОГРАМА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ПРАКТИЧНО ИСКУСТВО НА СТУДЕНТИ ВО ОДЛИЧНО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ И ПОД ЛИДЕРСТВО НА ВРВНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ОД МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ.

По завршувањето на првиот циклус, и практично ги видовме придобивките: Ние добивме талентирани млади кадри во нашиот тим, а тие го направија најпамтетниот избор – Аплицираа за Smart Start и сега работат на супер проекти во Телеком. Програмата нуди извонредни можности за студентите кои сакаат да ја започнат својата кариера во напредна технолошка компанија и да стекнат искуство со најнови технологии.

Програма наменета за успешните


Smart Start е отворена за сите студенти од повеќе факултети, односно, студентите од втора студиска година до крајот на дипломските студии, како и стyдентите на постдипломски студии. Македонски Телеком е компанија посветена на следење и применување на глобалните текови и која е подготвена преку Smart Start тоа да го пренесе на младите кои имаат желба и потреба од продлабочување на знаењето.

Програмата се состои од 14 атрактивни проекти, секој од нив уникатен, посебен и амбициозен во свoјата област. Преку овие проекти ја креираме дигиталната иднина, правејќи разлика на пазарот за деловни производи, создавајќи напредни дигитални услуги и користејќи ги нашите врвни технологии за нови ИТ решенија и услуги. Секоја област е подложна на промени и бара млади луѓе кои се иновативни, креативни, кои постојано ќе нудат решенија, личности кои ќе излегуваат надвор од воспоставените теории и вообичаените рамки.

Што е Smart Start?

Smart Start е од 6 до 12-месечна програма којашто се состои од неколку елементи. На почетокот на ангажманот, студентите ќе бидат запознаени со корпоративната стратегија и вредности, преку програмата за ориентација. Понатаму, тие ќе работат на професионални задачи во склоп на избраниот проект. Покрај стекнувањето практични професионални вештини, тие ќе научат што значи агилно работење, дизајнерско размислување и ќе ги подобрат нивните компетенции.

Преку учество во ваква програма, студентите сега имаат можност да го почувствуваат ритамот на работа во една голема интернационална компанија и практично да научат многу за разни сегменти кои се барани на пазарот на труд. Smart Start го збогатува знаењето на учесниците и ја јакне нивната стручна самодоверба и професионална реализираност.

Пријавете се за некој од проектите, без оглед дали сте инженер или студирате во областа на ИТ, или пак вашиот фокус е на економија, маркетинг, е-бизнис, новинарство, аналитика на податоци, управување со производи или некоја друга бизнис област.

Што велат оние кои беа дел од првиот циклус на Smart Start?

Сепак, и покрај сите наши презентации на програмата, искуството од нашите Смарт Стартери од првиот циклус е она што има вредност, она што ја рефлектира реалноста. Тие велат:

„Смарт Старт ги надмина моите очекувања. Стравував дека нема да можам да продолжам паралелно да студирам, но си го докажав токму спротивното. Оваа пракса беше катализатор да се изградам на професионално ниво.“ МИЛЕ, Full stack Developer

„Креирав и менаџирав дигитални кампањи, предвидував и управував со нови функционалности на самиата веб страница и работев на нејзино развивање и подобрување. Сетирав уреди и цени. Се стекнав со практични професионални вештини, како и со вештини поврзани со начинот на агилно работење.“ – ЉУБИЦА UX/UI Designer

„За време на праксата се стекнав со голем број вештини: анализа на податоци, решавање на проблеми, преземање одговорности, менаџирање на маркетинг кампањи во апликација итн. Најсмарт одлука е да бидете дел од Смарт Старт, без двоумење!“ ИСИДОРА, Digital Product Owner

Сите детали се на нашата WEB Smart Start страница:

https://www.telekom.mk/smart-start-vol-2.nspx

Ве очекуваме во нашиот тим!

Ваш Македонски Телеком.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...