Employer Branding: Трошок или инвестиција?

од 24HR

Компаниите кои имаат лош или никаков employer branding плаќаат 10% повеќе во плати, а да не заборавиме дека истите имаат поголеми трошоци при регрутирање и потешкотии да го задржат веќе постоечкиот кадар. – пишува Памела Илиева во својата нова колумна на 24HR.

Според истражувањето на Smart Dreamers, компаниите со слаб или речиси никако бренд плаќат дури 10% повисоки плати на вработените. Така што не само што ќе ви биде потешко да најдете нови вработени и да ги задржите постојните, ако одржувате лош бренд на компанија како работодавец, ќе мора да платите 10% повеќе во плати.

24HR во последно време доста пишуваше и објавуваше за бенефитот од имање employer branding стратегија и како таа може да ни помогне при регрутирање на нови кадри и нормално да ја мапира компанијата како – добро место за работа и развој. Меѓутоа, едно нешто што досега не беше дискутирано, e тоа дека тенка е линијата кога една ваква стратегијата може да премине во трошок. Во прилог споделувам два примери кога бренд стратегијата преминува во трошок:

Трошите премногу пари на промотивен материjал

Супер ако имате вишок пари за да направите нови приврзоци за клуч или да брендирате торби и маички за вработените секоја сезона. Многу компании вложуваат доста во ваков тип на брендирање и тоа е во ред – ако компанијата навистина има буџет за истиот. Меѓутоа едно треба да биде јасно брендирање на шишенце за вода нема да Ве направи посакуван работодавец – за тоа треба повеќе работа и персонализација, креативност и пред се вклученост на Вашите вработени во целиот процес.

Давате пари за досадни реклами и канали за промоција

Иако платените реклами и промоции на Facebook/ Instagram и други социјални мрежи се најпопуларните начини кај нас да се привлече внимание и да се промовира една компанија – крајниот резултат е – дека интересот е моментален и нема долготрајни придобивки. Секојдневно гледаме содржини и огласи за вработување и промо текстови на социјалните мрежи кои некако еден на друг наликуваат.  Ваквите исто лични содржини изнудуваат слаба заинтересираност и вклученост од страна на целната публика, а за истите веќе сте потрошиле солида сума од Вашиот буџет. Немој да заборавите дека една успешна employer branding social media стратегија треба да Ве издвои од другите  и да го покаже Вашиот уникатен бренд како работодавец, а не да Ве стави во истиот кош со остатокот компании.

Истото важи и за класичните маркетинг тактики како: закупување на билборд на некоја прометна улица или печатење на флаери каде истакнувате дека е одлично да се работи кај Вас и дека вработувате. Пак ќе кажам супер е ако имате буџет да си дозволите билборд, но содржината која ќе ја објавите треба да биде доволно интригантна за да потикне акција инаку – истиот ќе биде залудно потрошени пари.

И за крај да се вратиме на почетокот: компаниите кои имаат лош или никаков employer branding плаќаат 10% повеќе во плати, а да не заборавиме дека истите имаат поголеми трошоци при регрутирање и потешкотии да го задржат веќе постоечкиот кадар. Така што ако сѐ уште мислите дека брендирањето на вашата компанија како посакуван работодавец и место да се работи е губење време и пари, размислите два пати. За како да ја подобрите Вашата employer branding стратегија и многу повеќе можете да прочитате во категоријата која 24hr.mk ја имаат издвоено – овде.

За авторот:

Памела Илиева е Директор на секторот за регрутирање во стартап компанијата Shortlister. HR професионалец со седум годишно искуство во регрутација и менаџмент на човечки ресурси. Нејзиното работно и животно мото е – Можностите не се случуваат. Вие ги создавате!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...