FledgeWorks-Платформа што го менува начинот на кој компаниите се грижат за своите вработени

од 24HR

Во динамичен и дигитален свет, каде што човечкиот капитал станува клучен двигател на успехот, компаниите сè повеќе се насочуваат кон алатки кои не само што го олеснуваат административното управување, туку и активно придонесуваат кон подобро искуство и ангажираност на вработените. Токму тука се појавува FledgeWorks – современа платформа за човечки ресурси, дизајнирана да ги дигитализира и унапреди сите HR процеси на едно место.

Од HR професионалци – за HR професионалци

FledgeWorks е создаден од четворица ко-основачи со повеќе од 50 години искуство во ИТ индустријата, стекнато преку работа во глобални компании како HP, Microsoft, IBM и Deloitte. Врз основа на докажана HR методологија, успешно применета во над 40 компании, ја развивме FledgeWorks HRM платформата како практично, достапно и лесно прилагодливо дигитално решение за унапредување на HR процесите.

Нашата цел е јасна: да ги направиме HR процесите едноставни, ефикасни и достапни – за секоја компанија, без разлика на нејзината големина.

Сè што му треба на еден HR тим – на дофат со неколку клика

FledgeWorks овозможува компаниите лесно да управуваат со:

  • регрутација и селекција на кадар,
  • адаптација на нови вработени,
  • следење на работно време и отсуства,
  • управување со перформанси и развој,
  • обучување и следење на напредокот,
  • и многу повеќе.

Секој процес е прилагоден за да биде едноставен, интуитивен и транспарентен – и за HR тимот, и за менаџерите, и за самите вработени.

Технологија што гради подобри работни искуства

Она што ја издвојува FledgeWorks од другите е фокусот на искуството на вработените. Платформата е развиена со разбирање на реалните предизвици на модерните тимови – од потребата за брз пристап до податоци, до важноста на редовен фидбек, јасни цели и можности за развој.

Со дигитализацијата на рутинските задачи, HR тимовите добиваат повеќе време да се фокусираат на она што навистина значи – грижата за луѓето и нивниот потенцијал.

Решение што одговара и на стартапи и на големи компании

FledgeWorks е флексибилна платформа што се адаптира на потребите на секоја компанија – без разлика дали станува збор за мал тим што расте, или за голема организација со комплексна структура. Секој клиент добива поддршка во процесот на имплементација и можност за прилагодување според сопствените интерни политики и практики.

Градење заедница на HR професионалци

Покрај технологијата, тимот на FledgeWorks активно соработува со HR професионалци, споделува корисни ресурси и примери од практиката, и креира простор каде што HR заедницата може да учи, расте и се инспирира.

Нашата мисија е да создадеме свет каде што секој вработен се чувствува слушнат, вреднуван и поддржан, а HR тимовите имаат вистинска алатка за да го овозможат тоа.


Дознајте повеќе: www.fledgeworks.com
Контактирајте нè:
info@fledgeworks.com

Заледете нè:
LinkedIn | Instagram | Facebook

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...