Гласот на сите колеги е есенцијален за А1 Македонија 

од 24HR

Интервју со Деспина Ралевска-помлад специјалист за развој и ангажираност на вработените 

1. Што е A1 Voices? 

А1 Voices претставува истражување кое се спроведува на секои две години на ниво на А1 Телеком Австрија Групацијата. Истражувањето има за цел да ни ги предочи силните страни на нашата компанија, но и да ги пронајде сите оние области каде што е потребно подобрување преку повратниот одговор добиен од нашите колеги. Истражувањето се спроведува од страна на надворешна компанија со цел да се постигне објективност и анонимност во текот на целиот процес. Транспарентноста е клучна во поглед на ова истражување и резултатите се добиваат на компаниско ниво и на ниво на оддел, а истите понатаму се споделуваат со колегите. 

2. Зошто една компанија треба да го слушне гласот на вработените? 

Гласот на сите членови на тимот е од клучно значење и често се дефинира како давање можност изразување на своето искрено мислење, идеи, грижи и автентични перспективи. Сите кои работат во рамки на еден тим сакаат да бидат слушнати, да ги споделат сите свои искуства и да влијаат врз идните промени во рамките на својата компанија. Уваженото мислење на сите засегнати често влијае и во насока на зголемување на продуктивноста и желбата за што поголем придонес. Тие се чувствуваат лојални кон својата компанија, ја почитуваат и заедно градат култура со еднакви вредности. 

3. Како А1 Македонија го спроведува ова истражување? 

Подготовката за спроведување на А1 Voices започнува неколку месеци пред самото истражување. На ниво на групација се црта и креира процес на имплементација во соработка со надворешна компанија која ни претставува поддршка низ целиот процес. Прашалникот за собирање на сите релевантни информации се спроведува до сите колеги, во почетокот на четвртиот квартал. По затворање на прашалникот, се генерираат извештаи кои се доставуваат до сите раководители, кои понатаму заедно со своите тимови пристапуваат кон анализирање на резултатите и размислување/носење на соодветни одлуки за преземање идни чекори. 

4. Дали и како А1 Voices ви помага да ги идентификувате работите кои треба да се подобрат во А1 Македонија? 

Спроведувањето на А1 Voices ја има токму таа цел – да се идентификуваат сите работи кои ќе станат предмет на подобрување во А1 Македонија. Целиме кон тоа да станеме #FutureProof компанија и затоа ставаме акцент на идентификација и имплементација на потребните чекори за раст и развој на индивидуално, тимско и организациско ниво. Ги користиме податоците за да добиеме појасна слика за тоа во кои полиња сме се подобриле, каде е потребно подобрување, да одговориме на новоотворените прашања и заеднички да направиме промени. 

5. Кои се следните чекори? 

По идентификување на работите кои се предмет на подобрување, се формираат акциски планови за реализација. Прв чекор е презентирање на резултатите на нашиот раководен тим, а понатаму истите се доставуваат до раководителите кои заедно со нивните тимови ги анализираат и креираат планови за подобрување на ниво на оддел за наредната година. При интерпретација на резултатите и следење на процесот на имплементација секогаш е вклучен одделот за човечки ресурси, поточно член од тимот за Talent & Engagement и Бизнис партнерите кои заедно со менаџментот и Одделот за корпоративни комуникации развиваат стратегија за промените кои би можеле да се случат во текот на претстојната година. 

6. Дали A1 Voices е еден од начините за подобрување на ангажираноста на секој член на А1 тимот? 

А1 Voices e истражување кое ни помага да ги разбереме најклучните деловни пречки и можности на компанијата. Внимателно обмислено и доследно, нуди критички сознанија кои можат да го подобрат успехот на нашата компанија и задоволството на колегите кои се дел од неа. A1 Voices е моќна алатка и за трансфомирање и подобрување на културата и успехот на компанијата. 

7. Што значеше за Вас лично инволвираноста во имплементацијата на A1 Voices? 

Како млад ентузијаст во областа на HR, поточно во тимот за Talent & Engagement, самата инволвираност и спроведување на A1 Voices низ компанијата ми понуди развојни перспективи не само во рамките на мојата компанија, туку и споделување на искуства во групацијата. За нас, професионалците од областа на човечки ресурси, гласот на колегите е појдовна точка за посакувани промени и секогаш е задоволство да се биде дел од отворена и транспарентна средина која охрабрува раст и развој. 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...