Голема предновогодишна забава на KARIERA.mk со своите партнери!

од 24HR

​KARIERA.mk ја прослави успешната 2022 година со голема предновогодишна забава, на која присуствуваа над 180 ценети партнери од најголемите реномирани брендови во Македонија.

Забавата се одржа на 20.12.2022 во Forza Wine Bar & Restaurant во прекрасна и позитивна атмосфера, на која сите се забавуваа. Целта на самата забава беше вмрежување и надвор од нашите канцеларии и дружење кое ќе ни донесе продлабочување на соработките и нови идеи во иднина. 

Оваа година KARIERA.mk достигна големи успеси, кои се должат на довербата од голем број компании во државата  и многу нови склучени соработки и одлични проекти кои се само стимул за новата година која не очекува. На настанот беше објавен и краток план за активностите кои ги планираме во новата 2023та година и кои со сигурност ќе ги збогатат и зајакнат тимовите на нашите партнерски компании. 

Во прилог галерија од слики која ја доловуваат прекрасната атмосфера!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...