Вработените во банката, од директори до шалтерските работници, мора да имаат повисоко ниво на интегритет и доверливост од вработените во повеќето други индустрии, што ја прави улогата на човечки ресурси во банкарството многу поважна и отежната.
Ефикасната и квалификувана работна сила треба да управува со финансиските ризици што банките треба да го земат во предвид и да бидат претпазливи во регрутирањето на таленти.
Секоја организација која работи со луѓе бара добро управување со човечките ресурси.Бидејќи банкарството главно се базира на услуги, менаџментот на човечки ресурси е должен да води сметка да регрутира таленти кои имат добар пристап со секаков тип на луѓе но и да знаат како да се справат со нив.Не сите квалификувани таленти кои имаат добро финансиско протфолио можат да имаат супер вештини да ги продадат услугите но и да имаат разбирање за секаков профил кој доаѓа во нивната банка.Многу е важно одделот за човечки ресурси да одигра голема улога во анализите за квалификации на талентите за да можат да ги насочат вработените на работното место кое им одговара на нивниот профил.
Менаџерите на човечки ресурси во банките мора да внимаваат и на задволството на клиентите од вработените во банката, затоа како што напоменавеме многу е важно вработениот покрај перформансите кои ги бара работното место да биде пријатен насмеан но истовремено коректен , да може јасно да стави граница за одредени работи кои клиентот ги бара од банката.
Луѓето кои работат во експозитурите стануваат заштитно лице на банката и затоа HR има голема одговорност да се погрижи да има квалификувани луѓе кои се вешти со клиенти.
Тие треба да се погрижат избраните кандидати во банките да поминат низ потребната обука пред да започнат со својата работа.
Зошто е важна ХР улогата во банкарскиот сектор?
- Постојано променливата банкарска индустрија, со постојан раст во изминатата деценија, резултираше со многу слободни работни места и севкупен раст во секторот.Тимот за управување со човечки ресурси е одговорен во која било одредена банка да ги анализира идните барања на нивната организација и да планираат однапред процес на регрутација и секогаш да имаат полна база на апликанти.
- Менаџментот за човечки ресурси е одговорен за одржување рамнотежа на искусни односно повозрасни вработени и млади кадри во работната сила.
- Исто важна улога и можеби една од најважните е обуката на работната сила.Зајакнувањето на вработените со обука и развој на личните и професионалните перформанси е од огромна важност како во сите индустрии така и во банкарскиот сектор.
- Менаџерите за човечки ресурси се оние кој не само што спроведуваат обуки и развој на вработените,треба да имаат анализа за развојот за секој вработен што ќе резултира со наградување на секој вработен,како мотивација за уште подобри резултати и поголема продуктивност.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.