На 7ми јуни (петок) со почеток во 18 часот во студиото Куќа на Јогата во Скопје ќе се одржи еден поинаков настан што ќе им помогне на мајките да си ја повратат својата ментална и емотивна рамнотежа, за да можат да поминуваат поквалитетно време со своите деца.
Овој настан е наменет за сите мајки коишто претрупани од обврските, се исцрпени и ментално и емотивно (покрај физичката исцрпеност).
Настанот го организираат јога студиото Куќа на јогата во соработка со платформата за родители workingmom.mk.
Како мајки и жени работно ангажирани, многу често имаме потреба да се осамиме, да поминуваме време сами со себе за да го “исчистиме” умот од обемот на информации од секојдневните активности, да си ја повратиме енергијата и расположението што како родители, имаме обврска да го поседуваме за да му пренесеме здрави и вистински вредности на нашето дете.
Жонглирањето со обврските, емоционалната и физичка исцрпеност многу често ни ја одземаат енергијата која ни е потребна за да поминеме убава и опуштена дружба со нашите најмили.
Ова се само дел од причините што ја поттикнаа важноста да се организираат вакви јога сесии за релаксација и ослободување од стрес за мајки.
Ментална, емотивната и физичката релаксираност се најбрзи видливи резултати што ќе ги искусат учесниците. Веднаш по практикувањето на овие сесии, ќе се чувствувате опуштени, смирени, освежени и полни со енергија и радост.
Подолгорочните придобивки од неколку месечна редовна јога пракса се подобрување на сонот и расположението, управување со стресот, подобрено држење на телото, редукција на симптомите на раздразливост и замор, подобрување на општата здравствена состојба, позитивен животен став. Затоа е и важно да ја негуваме и редовно да ја практикуваме јогата.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан, бидејќи веруваме дека ќе ви ја врати долго посакуваната разгалувачка енергија, насмевката и радоста повторно ќе заблескаат на вашето лице, а трпението и смиреноста ќе направат разлика во квалитетот на поминатото време со целото семејство.
Пробајте! Ќе ја забележите разликата веднаш после првата сесија.
Пријавите се во тек, а местата се навистина лимитирани!
Резервирајте го своето место на овој линк: https://forms.gle/4KU1XY3RkHcYqeAp9
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.