Прочитајте ја приказната за љубовта кон човечките ресурси на Маријана Андриќ-основач на Маранд Консултанти
Денес, во рубриката Љубов кон HR на 24HR, прочитајте ја HR приказната на Маријана Андриќ која е основач на МАРАНД КОНСУЛТАНТИ www.marand.com.mk консултантска куќа која повеќе од 15 години врши услуги за пресметка на плати за најразлични работодавачи и индустрии користејки софистицирани алатки за пресметка и размена на документација врзана за податоците за мерење на учинокот. Има повеќегодишно едукативно искуство во областа на финансиските аспекти на човечки ресурси. Таа е долгогодишен предавач на Академијата за човечки ресурси за модул Плати, наградување и финансиски аспекти во ХР (2010-2021).
Што ве натера да се вљубите во HR?
Кога главниот и најважнот ресурс за вашата професија се луѓето неможете а да не ги сакате човечките ресурси. Како што готвачите се опседнати со квалитетни ножеви, тркачите со модерни и моќни автомобили, софтверските девелопери со бесни компјутери, така мојот фетиш се умни, вредни, исполнителни соработници .
Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?
Мојата определба се финансиите но низ годините стекнатото искуство од сароботката со многуте клиенти отвори огромни можности за истражување во ова подрачје. Во многу дејности ( посебно услужните) задоволството на вработените станува клучен индикатор за успешен бизнис. Одлично осмислената програма на првата ХР Академија во Македонија каде долги години го предавав модулот “Финансиски аспекти на ХР” е мојот официјален влез во тој свет. Подоцна и процесот на формалното образование го заокружив на правниот факултет со магистеркиот труд “Плати и наградување”
Вашето искуство е богато во разлини области кое достигнување би го изводиле како ваш двигател за развој во HR како професија?
Можеби фактот што клиентите покрај услугите кои се предмет на договор се почесто бараа и поддршка во делот на регрутација, едукација и менторирање на кадрите од одделот за финансии и сметководство
Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во HR?
Интересна, неисцрпена област, динамична, неопходност за прилагодување на новите трендови. Мултидисциплинарна, правници, психолози, финансиери, едноставно секој може да си го најде местото независно од образованието
Маријана Андриќ за 24HR:
Совршено место за сублимирање на информациите за случуванњата од ХР светот и извор на инспирација за секојдневно подобрување на ХР процесите.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.