LinkedIn додава 3 нови функции кои може да бидат корисни за луѓето во HR

од 24HR

Новите функции ќе им помогнат на компаниите да останат поврзани со своите вработени и следачи.

Доколку вашата компанија нема страница на LinkedIn, можеби сега е вистинското време да направите една.

LinkedIn неодамна додаде нови функции на компаниските страници за да се решат предизвиците кои ги наметна глобалната пандемија и свртувањето на сè поголем број бизниси кон далечинско работење.

Новитетите на платформата се дизајнирани да им помогнат на администраторите на компаниските страници да се поврзат со своите вработени, да ги истакнат претстојните настани и да добијат појасен увид за своите следачи.

Еве нешто повеќе за секоја од трите нови функции:

Листа на следачи

Новата опција „преглед на сите следачи“ им овозможува на компании да ги видат сите луѓе кои ја следат нивната страница.

Можноста да се видат сите корисници што ја следат вашата компаниска страна на LinkedIn досега не беше достапна.

До скоро време, администраторите на компаниските страници можеа да го видат само вкупниот број на следачи и општата демографија за тие следачи.

Сега, страниците ќе имаат пристап до сите јавно достапни информации за нивните следачи, а администраторите ќе можат да ги сортираат следачите според тековна компанија, индустрија и локација.

Сето тоа ја обезбедува потребната транспарентност за подобро разбирање на публиката што ќе им овозможи на организациите да ја споделат вистинската содржина и да ја изградат својата заедница на LinkedIn.

Прочитајте > Како LinkedIn да „регрутира“ за вас

Моја компанија

Новиот таб „Моја компанија“ (My Company) е простор наменет за вработените каде секој од нив може да развие комуникација еден со друг, да одбележат некое достигнување и да останат поврзани додека работат од далечина.

Секцијата „Моја компанија“ вклучува неколку нови опции, како што се:

  • Истакнување на достигнувањата на вработените (промоции, годишнини, нови вработувања, итн.);
  • Популарни содржини споделени од вработените;
  • Препораки за поврзување со луѓе што можеби ги познавате во вашата компанија и
  • Дополнителни функции кои подоцна ќе бидат додадени во сегментот „Моја компанија“.

Сепак, оваа опција ќе биде достапна само за компаниски страници со повеќе од 201 вработен, што значи дека ќе ја имаат само поголемите компании.

Прочитајте > Како вработените да станат ваши амбасадори на LinkedIn?

Настани

Виртуелните настани се патот кон иднината, барем додека трае пандемијата.

Но сепак, сите знаеме дека не е така лесно да се дознае за вирутелните настани. За да се реши тој предизвик, новиот таб „Настани“ автоматски ќе ги прикажува минатите, сегашните и идните настани на вашата страница на LinkedIn.

Виртуелен настан не мора да биде цела конференција. Напротив, тука влегува секоја панел дискусија или вебинар.

Новиот таб се појавува во навигациското мени од левата страна на вашата компаниска страница на LinkedIn и истиот ќе им олесни на луѓето да дознаат за сите настани во кои е инволвирана вашата компанија.

Опциите „Листа на следачи“, „Моја компанија“ и „Настани“ се достапни за сите компаниски страници насекаде ширум светот.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...