Шест златни и еден сребрен медал освоија членовите на скопски „Макпетрол“ на младинскиот карате турнир „Куп на Македонија“. Преку ова изборно натпреварување ќе се селектира репрезентацијата што ќе учествува на претстојното светско првенство во Коња, Турција од 26 до 30 октомври. На турнирот учествуваа 220 каратисти од 49 клубови.
Седум члена на „Макпетрол“ се натпреваруваа во индивидуална конкуренција во дисциплината борби. Кај постарите јуниорки и јуниори злато освоија Марија Петровска (-55 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.), Стефан Стојановиќ (-84 кг.) и Витомир Трајковски (-84 кг.). Со златни одличја кај јуниорките и јуниорите се закитија Јована Мицовска (-59 кг.) и Данило Божовиќ (+76 кг.). Димитар Лозановски (76 кг.) освои сребрен медал.
На табелата со вкупно освоени признанија на „Купот на Македонија“ по „Макпетрол“ се пласираа „Олимпик спорт 2007“ со пет златни, еден сребрен и два бронзени медали, додека третопласиран беше карате клубот „Штип“ со четири златни, една сребрена и три бронзени медали.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.