петок, јануари 9, 2026
Почетна HR МаркетингМојот прв месец во А1…Филип Апостолоски-Дата аналитичар за кориснички услуги

Мојот прв месец во А1…Филип Апостолоски-Дата аналитичар за кориснички услуги

by 24HR

Филип Апостолоски-Дата аналитичар за кориснички услуги во А1 Македонија

Твојот прв ден во А1…

Во пријатна атмосфера бев пречекан од тим на енергични колеги кои ме запознаа со структурата на компанијата и одделот. Запознав голем број колеги, експерти во својата област, кои се секогаш отворени за соработка и да го споделат своето искуство со новите вработени.

Што ти остави најголем впечаток во првите неколку дена?

Она што веднаш го забележав е исклучителната посветеност и ентузијазам со кои тимот работи на процесите со цел корисниците да добијат услуги со највисок квалитет, што дополнително ја зголемува мотивацијата.

Веќе еден месец си дел од А1. Колку брзо се вклопи со тимот, работните задачи, начинот на работа и корпорациската култура? 

Со поддршката која ја имам од тимот брзо ги учам процесите и се вклопувам во дневните активности. Веќе започнувам да ги преземам и да работам самостојно на дел од обврските и сум возбуден за сите можности за учење и професионален раст кои ги овозможува компанијата.

Related Posts

Leave a Comment