Моќта на добрата комуникација на работното место

од 24HR

Колумна на Елена Милеска – Специјалист за човечки ресурси во IT компанијата X3m Labs

Што значи ефективна комуникација денес? Една поговорка вели „Не е важно што зборуваш, туку начинот на кој зборуваш“ Кога станува збор за комуникација на работното место, ефективната комуникација е составен дел од деловниот успех. Но, често може да сретнеме луѓе (колеги) кои се „борат“ во комуникацијата, а тоа може да доведе до фрустрација, некоординирани пораки кои често ја пополнуват празнината во комуникацијата.

Комуникацијата на работното место е еден важен сегмент за создавање добра компаниска култура и постигнување на целите. Таа е дирекно одговорна за ефикасноста и продуктиноста во компанијата. Начинот на комуникација дирекно влиjае на тоа како вработените ја доживуваат компанијата, како се носат со задачите и стресот, какви меѓучовечки односи создаваат и слично.

Отворената и ефективна комуникација помага во решавање на конфликтите. На секое работно место каде што има човечки интеракции, веројатно ќе се појават конфликти. Во таков случај, добрата комуникација ни доаѓа за да ја „спаси“ ситуацијата. Без разлика на големината на тензијата, отворената комуникација помегу колегите е основен фактор за разрешување на конфликтот. Онаму каде што се користи отворена комуникација, спротивставените страни можат да дојдат до основната причина за конфликтот и оттука да најдат трајно решение.

Ефективната комуникација опфаќа прашања и добивање одговори. Вработените треба да чувстваат дека работат во средина каде нивните прашања и проникливост се охрабруваат и уважуваат. Работните места каде што вработените се чуствуваат комфорно да прашуваат, најчесто се работни места со поефикасна комуникација.

Комбинирајте вербална и невербална комуникација – говорот на телото. Погрижете се вербалните и невербалните комуникациски пораки кои ги испраќате да се усогласат. Ако користите позитивни невербални повратни информации, како што е кимање со главата кога некој зборува придружено со отворено држење на телото, ќе помогнете разговорот да тече понепречено и ќе ги поттикнете колегите да учествуваат послободно во дискусијата.

Ефективната комуникација опфаќа и активно слушање. Важен е начинот на кој ќе изберете да ја испратите вашата порака но, подеднакво важно, ако не и поважно, е како обрнувате внимание, слушате и ја примате пораката на вашиот соговорник. Насочете го целиот ваш фокус на соговорникот, не го прекинувајте, не осудувајте, покажете го вашиот интерес со додавање коментари како „да“ или „разбирам“ и поставувајте прашања за да се осигурате дека сте разбрале целосно.

П.С слушајте за да разберете, а не за да реплицирате.

За крај, комуникацијата е двонасочен процес, слушајте внимателно и охрабрувајте здрави аргументи и конструктивна критика.

За авторот:

Елена Милеска е специјалист за човечки ресурси во IT компанијата X3m Labs. По вокација е дипломиран психолог на Филозовски факултет Скопје, а позади себе има околу 3 години работно искуство во човечки ресурси.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...